Култура

Што ни кажуваат налепниците на овошјето?

Веројатно сте ги приметиле налепниците на овошјата со бар-кодовите и броевите. Станува збор за овошја кои доаѓаат од увоз и нивната улога е најмалку да ја покажат цената на касата, туку бројот кој е наречен ПЛУ код (Price Look Up), всушност ни дава податоци за начинот на кој е одгледано овошјето што го купуваме, што за нас е од особено значење.

Што значи ПЛУ код

 Овој код е воведен од страна на Здружение на маркетинг за храна и денеска е присутно во повеќе од 1400 видови на производи.  Овој состав на кодирање на храна е покренат во Америка во 1990 година и со тек на време е воведен и во Нов Зеланд и во повеќе европски земји.

ПЛУ код се состои од 4 или 5 броја. Со помош на овој ПЛУ код можете да дознаете како е одгледан одреден производ. Ваквиот начин на кодирање не е пропишан со закон туку е доброволен.

Како правилно да го прочитате ПЛУ кодот

Ако кодот ПЛУ содржи само 4 броја, тоа значи дека плодот е одгледан со конвенционални – традиционални методи со можна употреба на пестициди.

Овие 4 броја го означуваат видот на овошјето или зеленчукот.

На пример, бананите се означени со 4011, јаболките 4131, киви 4030, портокалите 3107…

Ако ПЛУ содржи 5 броја и започнува со 8, тоа зборува дека овошјето или зеленчукот е генетски модификувано. Генетски одгледана  (ГМО) банана ќе го има бројот 84011.

Кога ПЛУ кодот кој содржи 5 броја и започнува со 9, тоа значи дека производот е органски и не е ГМО.

Слични статии