Култура

Во свет на се попаметни луѓе се носат се поглупави одлуки

Јазот меѓу експертската анализа и јавното мислење  е поголем со секој изминат ден. Во САД, постои значајна поддршка на јавноста за политиката на Доналд Трамп, кого,  поголемиот дел од експертите, во најмала рака, го сметаат за сомнителна личност.  Во Велика Британија, широк консензус на економисти- експерти, предупредуваа дека злегувањеto од Европската заедница ќе биде катастрофално по земјата, но сепак, мнозинството на граѓани изгласаа излегување на земјата од Европскјата Унија. Глобалната научна заедница континуирано со години наназад предупредува за катастрофалните опасности што доаѓаат како резултат на климатските промени на планетата Земја, но многумина членови на светската јавност во ова гледаат само голема измама.

Овие се само три примери на ширење на овој феномен:  добро информирани експерти излегуваат со свои ставови на одредена тема изнесувајќи ги научните докази, за јавното мислење потоа, да отиде во спротивен правец.

brexit-flag

Зошто се случува ова?

Еден од одговорите е дека јавноста е глупава. Или ставајќи го ова во поприфатливи констелации значидека јавноста: не поседува доволно интелигенција, е без доволно образование, постои недоволен пристап до информации, за да се земат во предвид сите аргументи. Но, неточно е дека се игнорира мислењето на експертите. Поголемиот дел од јавноста имаат доволно предзнаења и интелигенција за да се соочат со  основните аргументи. Општото ниво на образование никогаш не биле повисоки и речиси секоја информација е лесно достапни за секој со интернет конекција.

Вториот одговор е дека довербата во експертите е во опаѓање. Но праксата вели дека и ова тврдење не е точно.Напротив, годишниот Еделман барометар покажува дека академици и експертите од  индустрија и понатаму ја поседуваат довербата со висок процент на 70% од јавноста, што споредено со 43% од ЦЕО и 38% за државни службеници  е поприлично висок.

Се носат брзи одлуки

За да се најде причината зошто луѓето не ги почитуваат мислењата на експертите, во бврска со важни прашања, потребно е да се види како се процесуираат тие информации. Професорот од Сити Универзитетот во Лондон, Андре Спајсер , (Andre Spicer ), го објави неговиот труд , „Парадоксот на глупоста“ каде објаснува зошто во свет на се попаметни луѓе се носат се поглупави одлуки, вели дека треба да се сфати како луѓето ги обработуваат информациите.

Една од причините се нашите вградени когнитивни предрасуди. Луѓето често носат брзи одлуки во врска со комплексни прашања, што е резултат на верувања  од  минатото па дури и од случајни здружувања. Откако ги направиле овие одлуки што често се случува во неколку милисекунди, тие започнуваме тежок процес на докажување дека се во право. Тогаш луѓето бараат информации кои ги оправдуваат веќе донесените одлуки.  Многу членови на јавноста веќе го направиле нивниот избор во врска со Трамп, или донеле одлука во врска со Европа и климатските промени.  Сите тие се фокусираат само на наоѓање на информации што само ќе ја потврдат нивната одлука.  Информациите што ќе ги предизвикаат нивните верувања и веќе донесени одлуки, внимателно се игнорираат, бидејќи би можеле да се стават во непријатна ситуација во која што тие би требало повторно да се преиспитуваат и да размислуваат.

Но, не станува збор само за „сиромашната и глупа јавност“. Начинот на кој што размислуваат експертите за комплексни прашања е исто толку матен и прекриен со темни облаци. Тие често не сакаат да ги слушнат ставовите надвор од нивните тесни професионални кругови. Една студија покажала дека економистите најмногу ги привлекуваат идеите од други економисти. Исто така, кога има висок степен на согласност меѓу економистите, тогаш е и најголем јазот со пошироката јавност.

Затоа, не бидете изненадени кога експертите губат со нивните предупредувања за Трамп, Брегзит или климатските промени, а и се чини дека имаат спротивен ефект врз јавното мислење.

Автор:

Слични статии