Велигден различно се одбележува во различни земји
— 15 април, 2017Најголемиот христијански празник Велигден, во различни земји, различмо се прославува. Така на пример, во Финска, децата се облечени како мали вештерки и одат од врата на врата носејќи врбови гранчиња како благослов и заштита од лошите духови, се во замена за слатките задоволства.
Грција
Славењето на Велигден во Грција вклучува многу храна, заедно со забавната игра на кршење на јајцето на „противникот“, а јагнешката чорба од изнутрици го означува прекинот на постењето
На Канарските Острови Велигден се прославува со велигденска поворка, каде жените ја придружуваат фигурата на Исус во поворката која се движи низ улиците.
Американците го одбележуваат Велигден на нивен посебен, новокомпониран начин. Ако не отидат на одмор, тогаш организираат ловење, односно собирање на јајца низ тревата. Традиционално, Белата куќа е домаќин на играта на тркалање на сварените избоени јајца со дрвена лажица за готвење
Италија – На Велики Петок во Рим, Папата одржува миса на која присуствуваат огромен број верници на плоштадот Св. Петар
Мексико
Палење на Јуда во саботата пред Велигден е голем спектакл во кој се спалува фигура на Јуда, проследено со огномет
Во Кипар за време на Велигден се пече кипарски велигденски леб, кој се пакува заедно со сирење, а се служи со слатки или солени додатоци
Во Норвешка фокусот на одбележување на Велигден не се јајца, туку тоа е одморот со некој добар криминален роман. Во оваа земја Велигден е празник на крими-романите, па издавачите прават посебни крими изданија
Франција. Повеќе од 4 500 јајца се употребуват за огромен омлет, кој може да нахрани 1 000 луѓе. Традицијата потекнува од еден историски настан, кога Наполеон со својата војска се шета во еден предел на Јужна Франција. Тој застанува на едно место, каде му приготвуваат омлет. Воодушевен од вкусот, тој порачува гигантски омлет за следниот ден, за целата негова војска.