Наслагите во цревата се причина за многу болести
— 23 април, 2017Зошто настануваат наслагите во цревата и како да се отарасиме од нив?
Како да му озовможиме на телото нормална работа на цревата. Секојдневната редовна столица не значи дека цревата се чисти од наслаги. Се работи за остатоци на стара, често пати скаменети наслаги во пределот на дебелото црево.
Зошто се создаваат наслагите
До создавање на наслагите во дебелото црево доаѓа поради погрешно конзумирање на прехранбени намирници. Тое се резултат на редовна употреба на: јајца, бел леб, слатки, бел шеќер, млеко и термички обработена храна, пржена или печена.
- Наслагите ја пореметуваат работата на цревата и ја спречуваат апсорбцијата на хранливи состојки.
- Ја нарушуваат циркулацијата на крвта и создаваат услови за размножување на микроорганизми и паразити.
- Имаат силно влијнаие и на настанување на гинеколошки проблеми и на машката репродуктивност
- Проширеното дебело црево, полно со стари наслаги , создава притисок на соседните органи, простата, црн дроб, крвни садови, репродуктивни органи и ја нарушува нивната работа.
- Низ тенкиот ѕид на дебелото црево, отровните состојки и штетните микроорганизми многу лесно влегуваат во тие органи, предизвикувајќи кај нив воспаленија, пореметувања и болести.
- Ракот на дојката се поврзува со нередовна столица и тоа дури во 9 од 10 случаи.
Како да се уреди столицата и да се поттикне подобра работа на цревата
Многу едноставно: уште денес направите некои измени во вашата изхрана
- Уведете ја сезонската свежа салата во вашето секојдневно мени
- Појадокот е задолжителен во рок од 2-4 часа од станувањето
За појадок можете да направите здрава каша
Состојки:
- една рака сушено овошје, кајсија, смоква, суво грозје, сливи
- 1-2 супени лажици суви пченични клици
- 1-2 супени лажици измешани семиња од лен, тиква, сусам
- 1 супена лажица овесни снегулки или ржени
- 1 чајна лажица масло од лен
Важно е добро да се жвака во ткот на оброкот
Ова ќе ви послужи како природно средство , кое постепено ќе ги симнува наслагите и ќе овозможи нормална работа на цревата. Освен тоа, овој оброк ќе му овозможи на вашиот организам внес на витамини од Б групата, витамин Е, калиј, магнезиум, омега 3 и 6 масни киселини.
Внесете ги интегралните житарки во исхраната, подготвени без квасец, Редовно конзумирајте намирниси богати со бета-каротен и витамин А.
Со билни влакна против здравствени проблеми
Бидете претпазливи кога бирате средства за чистење на цревата. Користењето на медицински препарати не ги дава очекуваните резултати. Овие препарати главно ја чистат површината, но не и старите наслаги, предизвикувајќи течна столица.
Затоа, меѓу најдобри решенија е конзумирање на билни влакна. Храна којашто е сиромашна со билни влакна предизвикува појава на хемороиди, создавање на полипи во дебелото црево и папиломи (висечки брадавици) на кожата.
Зголемување на билните влакна во исхраната во Англија, со користење на интегрален наместо бел леб, како и внесување на повеќе свежо овошје и зеленчук, во рок од 13 години операциите на дебелото црево се намалиле дури за 40 %. – објави медицинското списание Medical News.
Жителите на Дакар во Сенегал, заболуваат од рак на дебело црево за 50 % помалку (мажи) и 40% помалку (жени) од жителите во Западна Европа, благодарение на нивната исхрана богата со растителни влакна.