Култура

Еликсир кој го прочистува и го јакне организмот

Зачините многу поволно влијаат на организмот – помагаат во варењето, ја олеснуваат надуеноста од гасови во стомакот, го зголемуваат метаболизмот и го стимулираат организмот во детоксикација. Два зачина, чиишто позитивни здравствени ефекти се особено моќни се куркумата и ѓумбирот.

Да се создаде еликсир од куркума и ѓумбир се оди по следниот редослед: се стиска сок од свежа куркума, 30 грама и сок од 25 грама свеж ѓумбир со сок од  3 лимони, сето ова се меѓа со 4 чаши не-газирана минерална вода. Ако не сте во состојба да набавите  свежа куркума, таа може да се замени со 3 лажки куркума во прав. Евентуално може да се заслади со мед, и да стои во фрижидер и да се исконзумира во рок од 3 дена. Овој пијалок е најдобро да се пие 2-3 пати на ден, 1 дл помеѓу оброци или непосредно пред оброк. Овој еликсир има анти-инфламаторен ефект,  го смирува  и и благотворно делува на дигестивниот тракт и го подобрува изгледот на кожата.

Автор:

Слични статии