Запрепастувачки совети на еден од најдобрите психолози во светот
— 5 март, 2017Михаил Литвак е доктор, психотерапевт и еден од најпризнатите психолози на меѓународно ниво. Тој е, исто така, првиот човек кој го развил системот наречен „Психолошко аикидо“ и прв кој го употребил.
Според доктор Литвак, важно е да се разбере опкружувањето и себеси. Следните 20 совети можат да ви помогнат во решавање на многу животни ситуации:
1. Ако човек не може ништо добро да каже за себе, а сака нешто да каже, почнува да зборува лошо за другите.
2. Гризај ја науката, а не грлото на ближниот свој, ако сакаш нешто да загризеш.
3. Депресивната состојба му е дадена на човекот за да размислува за себе.
4. Никој никого не отфрла, само некој оди напред. Оној кој застанал, смета дека е отфрлен.
5. Ако добро мислите за себе, зошто е потребно уште некој да мисли добро за вас?
6. Прави што сакаш и не прашувај за дозвола. Нема да ја добиеш.
7. Способноста да се сака и добро да се поднесува самотијата е показател за духовна зрелост. Сè правиме најдобро кога сме осамени.
8. Незрелата личност често знае, но не умее. Зрелата не само што знае, туку и умее. Затоа, незрелата личност критикува, а зрелата дејствува.
9. Не го знам патот до успехот. Но го знам патот до неуспехот – тоа е желбата да им се допаднеме на сите.
10. Нема машка или женска логика, постои способност или неспособност мудро да се мисли.
11. Сакаш да го дознаеш својот главен непријател? Погледни во огледало. Избори се со него и останатите ќе се разбегаат.
12. Постигни успех – ќе поминат навредите.
13. Со пријателите е пријатно да се разговара, со непријателите е корисно.
14. Постои само една валидна причина за прекин на врска и престанок на работен однос – невозможност за личен раст во дадените околности.
15. Треба да се дели само радоста, и со пријателите и со непријателите. Пријателот ќе се израдува, а непријателот ќе се вознемири.
16. Не ја бркај среќата, и ќе го најдеш местото каде таа живее. И среќата сама ќе те најде. Можам да ти го кажам местото каде живее твојата среќа – во самиот тебе. А патот до неа е максимален развој на сите свои способности.
17. Среќата е „нуспроизвод“ на правилно организираното дејствување.
18. Ако некому сакаш да докажеш нешто, значи дека живееш заради оној кому сакаш тоа да го докажеш. Ако живееш за себе, тогаш нема потреба некому нешто да докажуваш.
19. Фантазијата – тоа е гласот на нашите способности. Така, јас не фантазирам да пеам во опера. Немам ни глас ни слух. А кога би фантазирал, во согласност со тоа фантазјата би ги подгревала моите способности. Поради тоа, би се трудел да стигнам во опера. Само треба да размислувам како тој сон да се оствари. Овде е главно да не се брза, тогаш соништата се остваруваат релативно брзо. Добро е кога човек може да го каже за себе следново: „Јас се занимавам само со обиди да ги остварам своите соништа.“
20. Подобро е да се комуницира со добра книга, отколку со празен човек.
Извор: 6YKA
Слики: Alessandro Sicioldr