Во случај да ве болат зглобовите држете се до овие препораки во исхраната
— 18 март, 2017Исхраната сама по себе нема да го излечи артритисот, но ако се држиме до одредени препораки во исхраната, може значително да придонесе за олеснување на симптомите. ТЕве кои намирници се препорачуваат да се вклучат во исхраната во ублажување на артритични симптоми.
Брокула.
содржи многу корисни витамини, минерали и супстанции кои ги штитат клетките од оштетување. Најдобра е да се вари кратко време на пареа. Можете да ја додадете како прилог на речиси секој оброк.
Ладно цедени масла
Во случај на артритис, кој во основа е воспалителен процес со низок интензитет, добро е во исхраната да се вклучат масла богати со омега 3 масни киселини, бидејќи тие придонесуваат за намалување на воспалението. Тоа се, маслиново масло, сусамот, кокосовото масло. Можете кратко да ги обарите зеленчуцоците како што се морковот, кељ, брокулата, а потоа да додадете некое од споменатите масла. Спротивно на овие масла, треба да се избегнуваат растителни масла богати со омега-6 масни киселини – такво е рафинираното сончогледово масло, кое и најчесто се користи а тоа го поттикнува воспалението со низок интензитет.
Ѓумбир
Делува антивоспалително и ги ублажува болките во зглобовите. Исто така ја смирува мачнината во желудникот, го понага варењето, го забрзува текот на храната низ дигестивниот тракт. Додадете малку ѓумбир во прав во чај, или нарендајте свеж ѓумбир во супа или салата …
Морков
Конзумирајте го овој портокалов зеленчук секогаш кога можете. Тој е богат со бета каротен кој ги штити клетките и помага во ублажување на болката. Можете, на пример, кратко да пропржите морков со малку маслиново масло, лук и ѓумбир (кој исто така делува против болка) и да си направите еден убав прилог.
Ананас
Ананасот ги содржи клучните микролементи кои ја ублажување болката – витамин Ц, манган и тиамин. Го содржи и ензимот бромелаин, кој е докажано дека помага во опоравување на мускулите и ја намалува болката во мускулите и делува анти-воспалително.
Омега 3 масните киселини
Делуваат на смирување на воспаленијата. Најдобар растителен извор на овие супстанции е лененото семе . Но, за да бидат искористени семињата во организмот, тие треба да бидат мелени. Ако се јадат цели тие само ќе го поминат својот пат низ цревата несварени, односно неабсорбирани, бидејќи имаат дебела обвивка..
Куркума
Последна, но не и најмалку важно. Жолт зачин, јасно е дека е научно докажано, има многу силен анти-инфламаторен ефект на воспаление со низок интензитет (коешто е основа на артритис). Нека ви стане секојдневна навика да додадете една лажичка куркума во супа или чорба, смути или некој друг оброк којшто го конзумирате во текот на денот. Можете исто така да помешате куркума и мед во еднакви количини и да го консумирате бидејќи е вкусно и здраво.