Култура

Трилеќе – неодоливо слатко задоволство

Трилече тортата е популарен десерт, кој се подготвува со 3 вида на млеко, или млечни производи. Одозгора го преливаме со млечен карамел, кој му дава сладок вкус и прекрасна арома!

  • 7 јајца
  • 300 гр. шеќер
  • 200 гр. брашно
  • 100 гр гриз
  • 1 прашак за печиво
  • 1 ванилин шеќер

За прелив ќе ви треба:

  • 1 л. млеко (3,8% масленост)
  • 1 литар слатка павлака (за матење)
  • 250 мл. млеко за кафе (10% масленост)

за карамел е потребно::

  • 300 гр. шеќер
  • 170 мл. вода
  • 230 мл. слатка павлака (за матење)
  • 2 лажици путер
  • прстофат сол
  • ½ лажичка екстракт од ванила

Јајцата со малку сол и шеќер се матат околу 15-20 минути со миксер. Потоа се додава брашното и гризот и прашокот за печиво и се меша рачно со лажица или рачна матилица. Се истура во намрстен плех и се пече во претходно загреана рерна на 200 степени првите 10 минути, а потоа се намалува температурата на 180 и се пече уште 20 минути. Се остава пантишпанот да се олади за да биде млако. Додека се пече тестото подгответе го преливот со тоа што во далбок сад ќе ги матите млекото, млекото во прав и хоплата. Овој млечен прелив треба да е топол но не врел.  Млакото тесто превртете го на крпа и во тавата истурете половина од измешаното млеко. Во него ставете го тестото како што е превртено и над него прелијте го остатокот од млекото. 

За подготовка на карамелот треба да го измешате шеќерот и водата и ставете ги на средна ниска температура додека се растопи шеќерот а потоа малку зголемете ја температурата и оставете да зоврие се додека не добие светло кафена боја. Намалете ја температурата на ниска, па полека додајте ја слатката павлака со постојано мешање. Притоа се создава многу пена, внимавајте да не се изгорите. Мешајте додека се изедначат состојките и тргнете го од оган. Додајте ги путерот, солта, ванилата и мешајте додека се стопи путерот. Оставете го  малку да се излади и прелијте го трилеќето. 

 


    
Tagged with:

Автор:

Слични статии