Култура

Светскиот ден на среќата

Денеска, 20 март, се одбележува Светскиот ден на среќата. Генералното собрание на Обединетите Нации, пред неполни пет години усвои Резолуција , ( 28 јуни 2012),  со која беше одлучено дваесеттиот ден од месецот март да се прославува Денот на среќата, ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет  и во окја се вели дека стремежот кон среќа и благосостојба е основно право на човекот…

 Според документот, среќата треба да биде цел на државната политика и да стане компонента на покомплексен, поправеден и балансиран економски раст, што пак, значи постојан развој, искоренување на сиромаштијата и обезбедување среќа.

Идејата за Денот на среќата потекна од Бутан, кој со цел пресметување и подигнување на нивото на благосостојба на нацијата, во 1972 го воведе показателот бруто национална среќа.

Според тогашниот бутански крал Џигме Сингај Вангчук, стандардните макроекономски показатели не може прецизно да го одразат нивото на благосостојба во земјата.

Бруто националната среќа се пресметува по специјален метод врз основа на показатели, како што се ефективноста на власта, социјална правда, грижа за околината, негување на културното и духовно наследство.

Од февруари 2016, во Обединетите Арапски Емирати е воведена функцијата државен министер за среќа, а од  јануари 2017 и во индиската сојузна држава Мадхија Прадеш

„Потрагата по среќата лежи во јадрото на човечките напори. Луѓето низ светот се стремат да водат среќен и исполнет живот, ослободен од страв и бедност, и во хармонија со природата.  Кога придонесуваме за општото добро, ние сме побогати. Сочувствувањето ја зголемува среќата и ни помага да ја изградиме иднината која ја посакуваме“. (поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-Мун) 

12 тајни на среќата

  • Бидете задоволни со она што го имате
  • Уживајте во она што го правите
  • Живејте за денес
  • Изберете ја среќата
  • Среќата е во врските
  • Бидете зафатени
  • Не се споредувајте со други
  • Бидете она што сте
  • Заборавете ги грижите
  • Организирајте се
  • Мислете позитивно
  • Ценете ја среќата

Автор:

Слични статии