Направете домашно бадемово млеко
— 8 март, 2017Растителните млека стануваат се повеќе застапени во исхраната, не само на оние кои се хранат со сурова или веганска храна, туку и на сите останати кои сакаат поздрава алтернатива. Тие се прават од различни јатки, семки и житарки: бадеми, лешници, индиски ореви, коноп, овес, кокос и слично. Процесот е едноставен и скоро ист кај сите нив. Потребни состојки за млеко од бадеми:
100гр бадеми (непечени и несолени)
засладувач по желба (мед, јаворов сируп, агавин сируп или 4-5 урми)
1-1.5 литар вода
Ставете ги бадемите во вода, минимум 6 часа, а може и цела ноѓ да ги оставите да се киснат, за да набабрат и омекнат. Вака накиснатите бадеми ослободуваат хранливи ензими кои се многу добри за воспоставуванје на алкална средина во организмот. Водата треба да се смени неколку пати за да биде свежа, и истата не треба да се конзумира.
Потоа излупете ги и ставете ги во блендер, заедно со некој од споменатите засладувачи. Додадете 300мл вода. Блендирајте додека не добиете еднаква кремаста маса. Потоа додадете го и остатокот од водата и блендирајте уште неколку минути.
Бадемовото млеко е едно од најдобрите млека кое може да ги консумираме, особено ако организмот не поднесува лактоза. Тоа не содржи заситени масти и холестерол, а е богато со омега-3 масни киселини кои се многу добри за срцето.