Култура

Лепчиња со наут

Лепчињата со наут се дел од традиционалната арапска кујна. 

  • 150 грама изблендиран наут, стоен во вода преку ноќ
  • 330 грама јако брашно
  • 7 грама сув квасец
  • 10 грама мед или шеќер
  • 200 мл. млака вода
  • 10 грама сол
  • 1 лажица мелен кимин

Квасецот и медот се раствораат во 100 мл. Со останатата течност се блендира наутот кој претходно бил киснат. Во брашното се додава квасецот со медотм наутот зачините, солта и се замесува тесто. Тестото се меси околу 5 минути, па се остава на топло место околу пола саат, двојно да се зголеми. Од тестото се прават лепињи со дебелина од 5 mm и се печат 4-8 минути директно на решетката од рерната најблиску до греачите на 230°C.

Автор:

Слични статии