Култура

Поведена истрага за претстава на Оливер Фрљиќ во Полска

Полското државно обвинителство повело истрага за театарската претстава на хрватскиот режисер Оливер Фрљиќ, која Католичката црква и конзервативните средини во таа земја ја нарекле „богохулна“. „Отворена е истрага врз основа на достапните делови на претставата ’Клетва’, која од сабота се прикажува во варшавскиот театар ’Театр Повшећњи’“, изјавил државниот обвинител Лукаш Лапизински за АФП. Една актерка во претставата симулира орален секс со статуа во природна големина на св. Јован Павле Втори во бела мантија, а на статуата подоцна се става натпис „Заштитник на педофилите“. Режисерот Фрљиќ го земал за предлошка текстот на полскиот автор од 19 век Станислав Виспиањски, кој говори за сложените односи на Полјаците со Католичката црква.
„Државното обвинителство отворило и друга истрага за поттикнување злосторство против претседателот на партијата на власт, Право и правда, на Јарослав Качињски“.Во една од завршните сцени една актерка, споменува можност за собирање пари од гледачите за платениот убиец кој би го ликвидирал претседателот на ПиС, а потоа вели дека режисерот Оливер Фрљиќ и’ кажал да ја исфрли таа сцена бидејќи претставува злосторство за кое може да се добие затворска казна“, пренесува српска „Политика“. Претставата предизвикала гнев кај Католичката црква, која тврди дека содржи богохулни обележја. Театарот во своето соопштение нагласува дека „претставата им дава збор на различните идеолошки стојалишта и треба да се разгледува како целосно уметничко дело, а не како збир на неповрзани одвоени призори“, пренесува Танјуг.

Автор:

Слични статии