Полска ја откупи колекцијата „Чарториски“ за 100 милиони евра
— 5 јануари, 2017Полската Влада ја откупи во целост светски познатата уметничка колекција „Чарториски“, со проценета вредност од две милијарди евра, со ремек дела на познатите сликари, Да Винчи, Рембрант, Реноар и Дирер. Владата на Полска платила симболични 100 милиони евра, цена која е далеку под нејзината вистинска пазарна вредност, .за колекција во која се наоѓа и ретката слика на Леонардо да Винчи, „Дамата со хермелин“. Оваа слика потекнува од 1490 година и е една од четирите портрети на жени што ги има изработено прославениот ренесенасен сликар Леонардо да Винчи. На неа е прикажана Сесилија Галерни, дама од миланскиот двор и љубовница на Лудовико Сфорца, војводата од Милано, Лудовико Сфорца, Колекцијата „Чарториски“ се состои од околу 80.000 слики, уметнички дела и предмети, како и околу 250.000 ракописи и книги, кои во најголемиот дел се сместени во Националната галерија во Краков. Сите сега тие се во сопственост на полската држава.
Претставник на семејството Чарториски, кое досега ја поседуваше колекцијата, изјави дека откупот, практично е донација за државата, но членовите на Управниот одбор на Фондацијата „Чарториски“, која управуваше со колекцијата, поднесоа демонстративна оставка поради решението на семејството.
Членовите на Одборот на Фондацијата се незадоволни што воопшто не биле консултирани, како и затоа што стравуваат дека во иднина вредната и богата колекција би можело да биде оставена и користена за разни манипулации. Адам Чарториски, кој преговарал со полскиот министер за култура околу откупот на колекцијата, е потомок на принцезата Изабела Чарториски, која во 1802 година ја создала колекцијата. Полската владејачка партија Право заговара национализација на значајните бизниси и културни вредности, нарекувајќи ги полска гордост.