Култура

Филмови што секоја жена треба да ги види

„Однесено со виорот“ (Gone with the Windфилм со најголема заработувачка на сите времиња.

Американски филм кој е снимен во 1939  година и претставува историски еп кој е адаптиран според романот на Маргарет Мичел, кој е добитник на Пулицероватанаграда во 1936 година. Филмот има добиено 10 оскари и овој рекорд го задржува во наредните 20 години. А Американскиот филмски институт во 1998 го вбројува во 100-те најдобри филмови на сите времиња, и го сместува на четвртото место. Филмот е режиран одВиктор Флеминг,  а сценариото е наСинди Хауард. Дејствието е поставено во 19 век на југот на Америка и ја раскажува приказната за Американската граѓанска војна и реконструкција на ерата од Јужната точка на гледање. Во него играат Клер Гебл, Вивиен Ли, Лесли Хауард, Оливија де Хавиленд…

Gone_with_the_Wind_Spotlight1

 

Онесено од виорот се смета за еден од надобрите љубовни филмови и траен симбол на златното време на Холивуд. Филмот е исто така е и најдолгиот американски звучен филм направен до тоа време, кој трае 3 часа и 44 минути, плус 15 минути пауза. Исто така е еден од првите големи филмови кои се снимени во боја , и добива Оскар од Филмската Академија за најдобар филм и во категоријата за колор филмови. Однесено од виорот може да се пофали и со голема заработувачка од 400.176.459 долари, од неговото прикажување во кината, а до 2010 сумата е приближна до 2.984.000.000 долари, што го прави филм со најголема заработувачка на сите времиња.

„Пржени зелени домати“ (Fried Green Tomatoes) e филмската адаптација на романот со истото име. Филмот е создаден во 1991 година и има 2 номинации за “Оскар” – за најдобра актерка во споредна улога и за најдобро адаптирано сценарио.

 

Freed green tom

 

Евелин Кауч (Кети Бејтс) има голем број на лични проблеми, продуцирани од брачната врска. Еден ден среќата и се насмевнува кога таа се запознава со повозрасната Нини Тредгуд (Џесика Танди). Евелин веднаш станува маѓепсана од приказните на Нини за настани кои се случиле пред Евелин дури да се роди! Најмногу нејзиното допаѓа историјата за две жени и еден исчезнат маж. Двете жени поседуваат сите квалитети кои самата Евелин секогаш сакала да има – силна волја, независност и безрезервна лојалност. Со напредокот на историјата сепак за Евелин претстојат изненадувања, особено кога таа ќе почне да се “чита” меѓу редови …

„Читачот“ (The Reader)

The Reader

филм со многу емоции,  прикажана личната драма на главниот лик, преку кој се прикажани проблемите со кои се соочуваат цели општества по Втората светска војна. Филмот е на Стефен Далдри и е адаптација на германската истоимена новела од 1996 година на Бербард Шлинк. Филмската адаптација е на Дејвид Хер. Ралф Финес и Кејт Винслет се дел од актерската екипа заедно со младиот актер Дејвид Крос.. Ова беше последен филм за продуцентите Антони Мингела и Сидни Полак  кои починаа пред да биде промовиранфилмот. Приказната се случува во поствоена Германија каде тинејџерот Мајкл Берг ќе се разболи, а помош ќе најде кај Хана, необична туѓинка што е двојно постара од него. Мајкл закрепнува од болеста и ќе тргне да ја бара Хана за да и се заблагодари. Тие двајца ќе бидат вовлечени во страстна, но тајна љубовна афера. Мајкл открива дека Хана сака да слуша додека и читаат. Додека тој нејзе и чита од “Одисеја”, “Хак Фин” и “Дамата и малото куче”, нивната врска се продлабочува. Сепак и покрај нивната интензивна врска, Хана еден ден мистериозно исчезнува, а Мајкл останува сам со скршено срце. Осум години подоцна, додека Мајкл е студент на правен факултет и ги следи судењата за воен криминал на нацистите, тој е изненаден кога ќе ја сретне повторно Хана, но овој пат како обвинета во случајот. Додека нејзиното минато се открива, Мајкл дознава за една голема тајна, која ќе донесе големи промени во животот на двајцата.

„Се за  мојата мајка“ (All About My Mother) на Педро Алмодовар беше награден со Оскар за најдобар странски филм во 1999 година, награда за најдобра режија на Канскиот филмски фестивал, седум Гоја награди вклучувајќи Најдобар филм, Најдобра режија и Најдобра женска главна улога за аргентинката Сесилија Рот. Ричард Шикел од магазинот Тајм, како и други критичари го прогласија за најдобар филм на годината. Мануела е медицинска сестра која живее и работи во Мадрид со синот тинејџер Естебан, кој сака да биде писател и никогаш го нема запознаено својот татко. Синот го удира кола и тој умира.  По оваа несреќа, Мануела оди во Барселона да го најде таткото на Естебан, трансвеститот Лола кој работи како проститутка, за да го извести дека имал син. Додека е во Барселона, Мануела ќе се најде и со стар добар пријател, трансвеститот Слатка

All About My Mother

 

Алмодовар го завршува филмот со посвета: „За сите актерки кои глумеа актерки, за сите жени кои глумат, за мажите кои глумат и се претвораат во жени, за сите луѓе кои сакаат да бидат мајки. За мајка ми“.Со овој филм, Педро Алмодовар ни дава увид во својот единствен поглед на светот, а особено неговиот однос со жените, кого филмови во начинот на кој е тивка за разлика од било кој друг директор. И навистина, секој женски перформанси во овој филм е извонредна; ликовите можеби шарм со својата искреност и наивност.

„Англискиот пациент“ (The English Patient)  американски-британски филм снимен 1996 година според истоимениот роман на канадскиот писател Сри Ланкан. Во 1997 година филмот освои девет оскари а бил номиниран во 12 категории. Главните улоги се на Ралф Фајнс Жилиет Бинош, Кристин Скот Томас, Вилијам Дефо. Режисерот Ентони Менгела не само што создаде забавен филм туку и ја раскажа приказната за животот, преку главниот лик кажа дека сите ние правиме грешки во животот но не треба да се срамиме од тоа.

The English Patient

 

Сцената со истрелот во малиот авион кој лета преку пустината е споредба со животот на луѓето коишто сакаат да се смират и да бидат среќни но никогаш тоа не се случува без ризик.

„ Маќеа“ (Stepmom) е приказна со силни емоции, за мајчинството, посветеноста борбата во која се трудиме да ја сочуваме  контролата на нашите животи, но доаѓаат моменти ои се надвор од нашата контрола. Емотивен филм во кој главните ликови се донесени до перфекција од извонредните Џулија  Робертс и Сузан Сарандон.

STEPMOM, Susan Sarandon, Julia Roberts, 1998

STEPMOM, Susan Sarandon, Julia Roberts, 1998

 

.„Дневникот на Бригит Џонс“ – (Bridget Jones’s Diary) –роман на Хелен Филдинг од 1996 година, напишан во форма на личен дневник на една жена која живее во Лондон. Таа пишува за нејзината кариера, за себе, нејзините пороци, семејството, пријателите, љубовните врски.  Таа исто така е опседната соо нејзините килограми, како и со алкохолот и цигарите. Продолженијата од Дневникот следеа во 1999 година со „На работ на разумот“ и „Луда по момчето“ во 2013 година

Bridget-Jones-Diary-L

„Часови“ (The Hours) американски филм  во режија на Стивен Далдри. Заплетот се фокусира на три жени од различни генерации чии животи се меѓусебно оповрзани со романопт на г-ѓа Даловеј од Вирџинија Вулф.  Главните улоги ги толкуваат Никол Кидман во улога на Вирџинија Вулф, која се бори со депресија и ментални болести обидувајќи се да напишер роман.  Џулиен Мур ја игра бремената Лора Браун, а Мерил Стрип се појавува како Клариса Вон.

 

The Hours

Tagged with:

Слични статии