Култура

Со три концерти „Леб и сол“ ќе ја заокружат 40 годишната кариера

 „Леб и сол Simphony“ ќе одржат концерти на на 20, 21 и 22 декември, придружувани од Оркестарот и Хорот на Македонската опера и балет. Музичарите на групата, Кокан Димушевски, Бодан Арсовски, Димитар Божиков и Михаил Парушев, со овие концерти ќе ја заокруѓат 40 гоидшното постоење на групата „Леб и сол“.

Концертот има специјална програма во која нивните песни ќе прозвучат во оркестарски аранжман. Ќе бидат изведени 15-ина од целиот период на постоењето на групата – од почетокот на кариерата во доцните 1970-ти се до последниот албум. Биле избрани тие што се податливи за симфониски израз. Ќе бидат подолги од оригиналните, со нови делови кои ја прошируваат композицијата. Поради распродадените концерти на 20-ти и 21 декември, МОБ најави и трет концерт „Леб и сол Simphony“ на 22 декември.

Автор:

Слични статии