Култура

Целосно обновена архитектурата на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Младо Нагоричане

Интервенциите на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ што се наоѓа во селото Младо Нагоричане, во облик на заштитата, конзервацијата и реставрацијата на архитектурата се целосно завршени. Обемната конзервација и реставрација на овој значаен споменик на културата од поствизантискиот период е спроведена во повеќе фази, при што стручните екипи на Националниот конзерваторски центар во целост извршиле консолидација на архитектонско-конструктивната структура на црквата, изведба на дренажен систем и партерно уредување. Претходно на овој сакрален објект е извршено зацврстување на конструктивниот систем и на покривот, како и санација на фасадите и на потпорните ѕидови околу црквата. Со овие активности, како што се наведува во соопштението, е заштитен вреден споменик на културата кој потекнува од 16 век и кој е симбол на препознатливост на овој регион.

Црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ е трикорабна базилика со развиен впишан крст во основата. Оваа монументална црква е изградена од разнобојни обработени камени блокови, фасадно декорирана со керамопластични елементи и една од повеќето сакрални градби во кругот на голема монашка заедница.

Слични статии