Култура

„Влажност“ прогласен за надобар филм на 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“

Филмот  „Влажност“ во режија на Никола Љуца е добитник на наградата  најдобар филм  и „Златна ѕвезда“  во официјалната конкуренција на 15. Фестивал на европски филм „Синедејс15“, кој заврши вчера со проекцијата на филмот „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ.

Одлуката ја соопшти македонскиот режисер и член на жирито Игор Иванов – Изи, покрај Чедомир Колар, еден од извонредните продуценти во холивудската индустрија и претседател на жирито,  Зринко Огреста, сценарист и режисер, професор по филмска режија на Академијата за драмски уметности во Загреб и член на Европската Филмска Академија во Берлин.  Образложението на жирито за нивниот избор е дека овој филм успеач со оригинален филмски јазик успеа да ја разобличи современата брачна заедница, прикажувајќи го апсурдот и хипокризијата со кои се соочува денешната генерација.

 Наградата за најдобра режија ја доби филмот „Убијци на тркала“ во режија на Атила Тил, а за најдобро сценарио филмот „Тони Ердман“ по сценарио и режија на Марен Аде.

Во категорија „СинеБалкан“ во конкуренција од шест филма,  за најдобар филм беше прогласен  филмот „Не ми зјапај во чинијата“ на Хана Јусиќ.  И годинава селектор на филмовите во официјалната селекција и во категоријата  „Синебалкан“ беше Бернд Будер.

Доделена е награда и за најдобар филм во категоријата Студентска програма, која ја доби Сандра Јовановска за филмот „Страшилото крст“. Таа е студент на Академија за уметност, Универзитет во Нова Горица.

„Синедејс“, веќе трета година распишува конкурс за најдобра филмска критика, на кој право на учество имаат лица до 35 години. Влатко Галевски како член на жирито, заедно со  Илина Јакимовска и Виолета Караџовска – Стојанова, рече дека годинава на конкурсот пшристигнале 40 реценции, бројка што дава надеж дека има интерес за пишување на ваков вид на текстови, но од друга страна малку е загрижувачки што писменоста не била на нивото коешто е потребно. Првата награда ја доби Фросина Крушкаровска, втората награда е за Владимир Лазороски, а третата награда и припадна на Вероника Камчевска.

Фестивалот во однос на филмските проекции заврши со филмот на Рајко Грлич, „Устав на Република Хрватска“ а по прикажувањето на филмот се поклонија пред публиката двајцата актери кои ги носат главните улоги во филмот: Небојша Глоговац и Дејан Аќимовиќ.

Фестивалот „Синедејс“ продолжи во МКЦ каде се одржа концерт на Wooden Wisdom каде настапува и познатиот актер од „Господар на прстените“ Елајџа Вуд.

ПОкрај натпреварувачките селекции, официјалната и Синебалкан, годинашниот „Синедејс“ што траеше од 10 до 19 ноември, понуди и филмски остварувања во други програми, како музички, документарци, 25 наслови во гала програмата, кратки и студентски филмови и богата музичка програма.

 

Слични статии