Култура

„Синедејс“ завршува утре со прогласување на наградените и концерт на „Wooden wisdom“

ustav

Вечерва, на препоследниот ден од 15. фестивал на европски филм „Синедејс“ ќе бидат прикажани, геманскиот филм „Тони Ердман“, кој е во трка за „евопскиот оскар“, и историската драма „Рај“ за која Андреј Кончаловски ја освои Сребрената палма за режија на филмскиот фестивал во Венеција.

Вечерва во кино „Фросина“ ќе се прикаже филмот „Од онаа страна“ на Зринко Огреста, кој освои седум Златни арени на Филмскиот фестивал во Пула, меѓу кои за најдобар филм и најдобра режија, а главниот актер Лазар Ристовски за најдобар актер.

Во рамките на придружната програма, од 18-ти до 20 ноември во Младинскиот културен центар од 11 часот ќе се одржуваат работилници за продукциски дизајн со уметничките директори Сара Холдрен и Лора Бишоп.

Фестивалот ќе го затвори филмот „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ во кој копродуцент е и Македонија и, меѓу другите, игра и Јелена Јованова, а музиката е на Дуке Бојаџиев. На проекцијата е најавено присуство на актерите Небојша Глоговац и Дејан Аќимовиќ.

За затворањето на 15-тото издание, „Синедејс“ организира и концерт на музичкото дуо „Wooden wisdom“ во кое членува холивудската ѕвезда Елајџа Вуд, познат по улогата на хобитот Фродо во трилогијата „Господарот на прстените“.

Слични статии