Култура

Фестивал на европски филм „Синедејс“ од 10-ти до 19 ноември

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ (CineDays) ќе се одржи од 10 до 19 ноември. Шроекциите ќе се одрживаат на три локации: кината „Милениум“, „Фросина“ и во Џебното кино на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Фестивалот ќе биде отворен идниот четврток во „Милениум“ со срспкиот филм „Дневникот на машиновозачот“ во режија на Милош Радовиќ, награден од публиката на фестивал во Москва, а на 19 ноември годинашниот „Синедејс“ ќе го затвори хравтскиот „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ, во кој копродукциски учествува и Македонија. Во Скопје ќе дојдат гости од екипите на двата филма – од филмот за отворањето ќе гостува Лазар Ристовски, и актерот Небојша Глоговац од филмот на Грлиќ за затворањето на фестивалот.

Во официјалната програма се осум филмови, шест се во селекцијата балкански филмови (СинеБалкан), 25 филма се во гала-програмата.

Во Скопје се очекуваат екипите на двата филма – од филмот за отворањето ќе гостува Лазар Ристовски а актерот Небојша Глоговац ќе биде гостин на затворањето на фестивалот со филмот на Грлиќ.

Во гала-програмата, за која има најголем интерес на „Синедејс“, и оваа година се филмови од звучни режисерски имиња, како Херцог, Џармуш, Верховен, Кончаловски, браќата Коен, Винтерберг, Озон, Вендерс, Алмодовар, Вуди Ален…

Стевковски се осврна на програмата „МК во ЕУ“ која ќе има три филма со копродукциско учество на Македонија – романскиот „Сиера Невада“ на Кристи Пуиу, словенечкиот „Ноќен живот“ на Дамјан Козоле и хрватскиот „Устав на Република Хрватска“, како и црногорскиот „Игла под прагот“ (од програмата СинеБалкан) во кој игра Никола Ристановски, а музиката е на Тони Китановски.

Селектор на натпреварувачките програми (Официјалната и СинеБалкан) е Бернд Будер, а за наградите ќе одлучуваат две жирија – Чедомир Колар, Зринко Огреста и Игор Иванов – за осумте филмови од Официјалната програма и Если Ердем, Нина Раковец и Дамир Чучиќ – за шесте филмови од СинеБалкан.

На 15-от „Синедејс“ ќе има и програма на музички документарци, меѓу кои биографскиот филм за џез-музичарот Мајлс Дејвис во режија на Дон Чидл, потоа „The Beatles: Eight Days A Week“ на режисерот Рон Хауард и „Gimme Danger“ (филм за Иги Поп) на Џим Џармуш, премиера на „Лимуново дрво“ – документарец на Бранко Радаковиќ за првиот бенд на Милан Младеновиќ од „ЕКВ“, филм за Дејвид Брн. Фестивалот и оваа година предвидѕва програма на кратки филмови, потоа студентска програма, детска програма со синхронизирани филмови, како и богата придружна програма што се состои од неколку работилници – за стоп-анимација, драматургија, продукциски дизајн…

И годинава на „Синедејс“ ќе има конкурс за филмска критика за филмовите на фестивалот, на кој може да учествуваат лица до 35 години. Наградите за трите најдобри филмски критики ќе ги додели тричлено жири. Тие се парични и во износ од 12.000, 9.000 и од 6.000 денари.

Влезниците за „Синедејс“ се по цена од 150 и од 100 денари, односно 50 денари за средношколци и студенти. Исклучок е филмот „Кафе-друштво“ од Вуди Ален за кој цената на билетот ќе биде повисока, што е услов за проекција што го побарала продукцијата.

Слични статии