Култура

За третата вечер на Скопскиот џез фестивал, „Made to Break“ и скандинавците „The Thing“

Два врвни авангардни џез состави – американскиот квартет „Made to Break“ и скандинавското трио „The Thing“ се вечер на програмата на Скопскиот џез фестивал (СЏФ) во Македонскиот народен театар (МНТ), додека полноќниот термин е резервиран за македонскиот состав Гоце Стевковски септет кој ќе настапи во Сити хол центарот со гостинот Џијан Емин.

Како што стои во публикацијата на СЏФ, ниту една група се нема обидено да ги спои звуците на слободната импровизација, фанкот и електрониката пред Кен Вандермарк да го основа квартетот „Made to Break“. Саксофонистот и композитор, во чија биографија спаѓаат антологиските групи „Vandermark 5“, „Peter Brötzmann Chicago Tentet“, „Resonance Ensemble“ и „Audio One“ – ако наведеме само четири од неговото множество тековни и поранешни групи – во последно време почна да го ослободува својот пристап кон компонирањето. Со „Made to Break“ се воздржува од линеарното компонирање со импровизирани делови и преминува кон модуларен систем во кој свирачите може да ги мешаат и прередуваат компонираните делови во рамки на дадената мелодија. „Made to Break“ е најрадикалниот состав на Кен Вандермарк.

„The Thing“, едно од модерните чуда на авангардниот џез, членуваат саксофонистот Матс Густафсон, басистот Ингебрикт Хакер Флатен и тапанарот Пол Нилсен-Лав. Од 1999 година, The Thing се докажаа како една од најзначајните европски џез групи, свирејќи разни композиции, меѓу кои и материјал од П. Џ. Харви, Алберт Ејлер, The White Stripes, Стив Лејси, The Stooges, The Sonics, The Cramps, Lightning Bolt и The Ex. The Thing ја преобразија музиката на овие уметници во современ контекст, давајќи ѝ свој печат. Триото претставуваше долго посакуван состав каде што повеќе музички стилови се среќаваат во високоенергетски излив. Еден од најпривлечните аспекти на The Thing е нагонското доживување да се видат во живо. По над 600 концерти ширум планетата, пет студиски албуми, меѓу кои и колаборативното издание со Нене Шери и бројни изданија од настапи во живо низ годините, во 2013 година The Thing го претставија својот шести студиски албум „Boot!“ како прво издание на својата нова дискографска куќа „The Thing Records“. Во 2014 година следуваше „The Thing with Thurston Moore live“, а во 2015 година „Shake“. По четири години „The Thing“ се враќаат на Скопскиот џез фестивал, подготвени да ја доведат музиката на ново, бескомпромисно ниво додека и понатаму ја зацврснуваат својата положба во светот на современата независна музика.

SONY DSC

„Made to Break“

 Тапанарот Гоце Стевковски е познат по неговата работа со „Егзија“ на Бодан Арсовски, „Архангел“, „Леб и сол“, „Проект Жлуст“, „ДНО“ и по многу помали џез проекти. Со Гоце Стевковски септет му успева да изведе впечатлив потфат, намамувајќи неколкумина млади дувачи да работат рамо до рамо со прекалени џез ветерани. Дебитантскиот албум на групата „Седум приказни“ е ретко остварување: постхард боп албум со силни мелодии кој воспоставува рамнотежа меѓу упадливоста и суптилноста. Стевковски е долгогодишен пријател со Џијан Емин кој, од прва хорна во Македонската филхармонија преку вештото џез импровизирање, стекна голема репутација дома, но и ширум светот. Двајцата настапуваат заедно во различни проекти над две децении.

Годинашниот 35. Скопски џез фестивал почна во четвртокот, со концерти на еден од најиновативните импровизатори на француската џез-сцена, пијанистот Бојан З. и на триото на светскиот виртуоз на гитара Џулијан Лаж. Вчера публиката уживаше во музиката на врвниот бразилски гитарист Винисиус Кантуарија, како и во настапот на полското трио на пијанистот Марцин Василевски и неговиот гостин, саксофонистот Јоаким Милдер. По полноќ, концерт одржа светски популарната Џош Стоун за која билетите беа рекордно распродадени.

На утрешната, последна вечер, ќе биде претставен новиот проект на трубачот Питер Еванс и негово трио „Pilverize the Sound“, а за крај на 35. СЏФ концерт ќе одржи групата на францускиот саксофонист и вокалист Томас де Пуркери „Supersonic“ која последниве години се смета за најголемо откритие на европската џез сцена.

 

Слични статии

7 коментари

  1. KendallImpot 2 август, 2020 at 16:34

    Helen Wheels 03 44 09.
    Streamed live by hennemusic from Austin s Zilker Park, the three-day event saw headline sets by Paul McCartney, Metallica and Travis Scott, as well as appearances by Arctic Monkeys, Deftones, The National, and many more; most of the lineup will return for the event s second weekend on October 12-14.
    Bread s Botts Dead.
    http://enanabunabchaheedloribotbuzzcar.xyz Be remembered as the cool couple be going with The Doors classic Love Street.
    Il sera remplacГ© par Wendy Melvoin, une amie d enfance et future compagne de Lisa Coleman.
    Starting in July 1970, Lennon recorded demos of tracks inspired by the ongoing therapy which was then taking place in the United States.

  2. SpbPTSSit 13 јули, 2020 at 01:39

    Презренный металл под ПТС в Санкт – Петербурге. Машина остается у Вас
    Только ПТС + СТС + Паспорт

    Вердикт и сумма за 8 минут. Получение монет в течение 55 мин.!

    Легко и прозрачно. Повышаем величину займов

    Рассматриваем с плохой кредитной историей
    Досрочное погашение без применения штрафов
    Самый-самый малый процент, субсидирование до 5 млн.

    Звоните 7 95876-1 87 2 4

    Антикредит-спб-птс.РФ

  3. mnevmdk 9 јуни, 2020 at 03:33

    etisalat eLife Interne

  4. dbxtmtk 9 јуни, 2020 at 02:36

    jeftinekarte.com

  5. shea 16 март, 2020 at 10:34

    Hello guys, I am Shea Rutledge an expert in academic writing.

    I love solving people’s problems and make them happy. That is what I have been doing for many years now.
    I have been writing since I was 12 years old and never knew it would turn out to be a full-time career. I have also been able to handle several projects that involves writing. And I worked in three organizations as a volunteer to assist people.My hobbie has always been to help people succeed. And I go the extra mile to make that happen.
    I enjoy writing academic papers and have helped people from countries like China.
    I work with a company whose mission is to provide quality writing and make people happy. In fact, many students come to me for professional help on a daily basis because they know I always deliver. And I will continue to provide nothing but quality to build trust like I have been doing for the past few years.

    Expert academic writer – Shea Rutledge – http://www.studioahz.comCorp

  6. officeerror 4 октомври, 2019 at 06:13

    Microsoft Live Chat Support Office Error Code Message Support for Office 2010, 2013, 2016, 2019, 365 including Word Excel Outlook PowerPoint error message code
    office error code