Култура

Изложба „Пикасо можеби јас“ на Филип Фидановски

Изложба под наслов „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски беше отворена вчера вечер (вторник, 25 октомври) во музејот на Град Скопје по повод 135 години од раѓањето на Пабло Пикасо, а под покровителство на амбасадата на Шпанија во Скопје.

Изложбата, која ќе може да се види до 7 ноември годинава, ја отвори шпанскиот амбасадор во Македонија Рамон Абароа Каранса.

Изложбата содржи 13 скулптури изработени во стандардна керамичка техника и една скулптура изработена во порцелан. илип Фидановски е роден во Скопје во 1977 година. Дипломира во 2002 година на одделот за керамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија, Бугарија. Во периодот од 2003 – 2008 година работи како доцент на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 2008 година е професор во Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје. Од 1995-2015 година учествува на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија, Египет, а има и тринаесетина самостојни изложби. Учествува на голем број уметнички симпозиуми во Македонија и странство.

Добитник е на трета награда за млад автор на Петтото интернационално биенале за керамика, Каиро, Египет (Бронзена плакета), награда за скулптура „Јордан Грабул“ на ДЛУМ, награда за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ – ДЛУМ.

Слични статии