Култура

Вечерва започнува 37. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“

Вечерва, во Центарот за култура во Битола, во 20 часот, премиерата на филмот „Ослободување на Скопје“ ќе го означи почетокот на 37. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. На црвениот тепих вечерва ќе помине и најголемиот дел од филмската екипа, предводена од режисерите, таткото и синот Раде и Данило Шербеџија и продуцентот Роберт Насков како и дел од актерската екипа.

„Наградата Златна камера 300’ за животно дело оваа година му припадна на Роби Милер, кој ја примил наградата во Амстердам, поради неговата здравствена состојба и на Џон Сил, австралиски снимател, кој пред 20 години доби „Оскар“ за филмот ’Англискиот пациент’, сега  познат и по врвното снимателско дело ’Лудиот Макс: Пат на гневот’“.
Плејадата од врвни сниматели, гости на фестивалот ја надополнува и Американецот Федон Папамихаил, претседател на годинешното жири, на кого во текот на фестивалот ќе му биде врачена наградата „Специјална камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Воедно, најавено е дека ќе присуствуваат најмалку седуммина сниматели од филмовите во главната програма, кои се селектирани главно од водечките светски филмски фестивали во Кан, Берлин и Венеција.

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе трае до 17 септември, при што ќе бидат прикажани 105 филма од автори од 50 земји во светот распределени во 11 фестивалски програми.

 

Слични статии