Култура

Тери Ееванс го отвора „Блуз и соул“ Фестивалот

Гости на годинашниот „Blues&soul фестивал“, кој ќе се одржи од 18, недела, до 21 септември во Скопје се,  американскиот блуз и соул-вокал Тери Еванс, еден од најстарите блуз-бендови во регионот „Raw Hide“, блуз-рок гитаристот Били Мерзиотис и еден од најатрактивните млади гитаристи на американската блуз-рок сцена Рајан Мекгарви се
Според програмскиот селектор Васја Ивановски, фестивалот нуди интересна, разновидна и, пред с`, квалитетна програма, каде што секој љубител на оваа музика може да се пронајде.

„Фестивалот прослави 20 години постоење и изминативе години донесовме репрезентативни имиња од светската музичка сцена, од кои некои се добитници на Греми награди, па така исклучок нема да биде ниту годинашното 21. издание, чија приказна почна далечната 1996 година“, изјави Ивановски.  Отворањето на фестивалот е во недела во 20.30 часот, во Сити хол во Скопје, со настап на блуз и соул-вокалот од САД Тери Еванс, заедно со Џо Коломбо.

„Еванс е дел од легендарната генерација на блуз и соул-пејачи, а неговиот музички пат започнува на изворот на блузот, во Виксбург, Мисисипи, од каде што ја градеше брилијантната кариера низ која соработуваше со најголемите имиња на светската музичка сцена“, се вели во каталогот на организаторот на фестивалот, Дирекцијата за култура и уметност од Скопје.

Слични статии