Култура

Рузмарин – растителен еликсир на младоста

Во италијанско село Ачиароли, повеќе од 10 проценти од 700 жители на ова место на југоистокот на Италија, имаат повеќе од 100 години. Исхраната на овие луѓе се состои од уловена риба, зајаци и кокошки од сопствено производство, маслинов зејтин домашен зеленчук и овошје и рузмарин. Рузмаринот е тој што ја подобрува функцијата на мозокот. Рузмаринот лековито делува на подобар проток на крвта,, добар е за лекување на слаба пробава и тромост на желудникот. Ја подобрува функцијата на црниот дроб и секреција на жолчната кеса, што пак ја подобрува состојбата на целиот организам.

maslo-od-ruzm

Рузмаринската киселина, природен полифенолен антиоксидант најден во рузмаринот, има антибактериски, антиинфламаторни, и антиоксидантни функции. Настрана од рузмаринот, другите познати билки како нане, оригано и други исто така содржат задоволително ниво на рузмаринска киселина.
Рузмаринското масло, кое се дестилира од цветовите на рузмаринот, содржи есенцијални масла како камфен, цинеол, борнеол, борнил ацетат и други естери. Овие состојки се познати по тоа што содржат тоник, астригент, дијафоретик, и стимуланти.

Деловите од билката, особено цветовите, содржат феноличен антиоксидант (рузмаринска киселина) како и многу други есенцијални масла како цинеол, борнеол, борнил ацетат, а-пинен итн. Овие состојки имаат антифламаторни, антиалергенски, антифунгални и антисептични својства.

Лисјата на рузмарин овозможуваат 131 калорија на 100 грама. Рузмаринот содржи големи количини на витамин А. Неколку ливчиња на ден ќе придонесат многу за вашето здравје. Особено е добро за одржување на здрав мукус на мембраните и кожата. Витаминот А е добар и за чување на белите дробови и усната празнина.
Растението е богато и со железо, содржи 6,65 милиграми на 100 грама свежи лисја. Железото е важен компонент на хемоглобинот во црвените крвни зрнца.  Неговото хербално масло се користи екстерно за лечење на гихт, ревматизам и невралгични состојби. Чајот од рузмарин е природен лек за главоболка, студ и депресија.

kompir-i-ruzma

Маслото од рузмарин  делува на проширување на крвните садови, а со тоа и подобар проток на крвта.

Алкохолната тинктура служи за масажа на мускулите, невралгични болки, главоболки и душевна или телесна изнемоштеност

Алкохолната тинктура можете сами да ја направите ако 100 гр. сува билка прелиете со 1/2 л. разреден 70% алкохол и мешавината добро ја протресете.

Свеж или сушен рузмарин се користи во медитеранската кујна, и е дел од подготовката на голем дел рецепти. Билката се користи во салати, супи, печен зеленчук и рецепти со месо.
Чајот од рузмарин е популарен пијалак во медитеранскиот регион.

Списанието ,,Organic Health” ја посочи оваа билка со чија помош ќе се заштитиме од зрачењето на нашиот мобилен телефон кое му штети на нашето здравје, а преголемата изложеност на зрачење, се повеќе ја влошува здравствената состојба.

Автор:

Слични статии