Култура

Полски нуркач го урна рекордот на пештерата Врело

Полскиот нуркач Кшиштов Старнавски се спушти на длабочина до 230 метри во подводната пештера Врело на Матка со што го собори досегашниот рекорд од 212 метри.

Старнавски  во придружба на својот тим и со логистичка поддршка од страна на нуркачите од клубите „Врело“ и „Акватек“ успеал по повеќе од пет часа да се спушти на оваа длабочина. Со 230 метри длабочина го срушивме рекордот. Експедицијата започна со подготовки на теренот – проверка на сите перманентни линии во пештерата и координација на тимот. Пештерата продолжува уште  подлабоко, но тоа го оставаме за следната експедиција, рече Старнавски, изразувајќи надеж дека следната година повторно ќе ја посети пештерата Врело.

Полскиот нуркач нуркаше со специјален систем за подводно пливање со кој нуркачите може значително подолго да се задржат под вода.
Досегашниот рекорд го држеше италјанскиот нуркач Луиџи Казати, кој во 2010 се спушти до 212 метри.

Автор:

Слични статии