Култура

Почина режисерката Билјана Гарванлиева

Денеска во Берлин почина македонската режисерка на документарни филмови, Билјана Гарванлиева. Веста за нејзината смрт на својот фејсбук профил ја сподели нејзиниот соработник на нејзиниот последен  проект, документарниот филм, „Тобако грл“, уметникот Јован Балов.

„Почитувани пријатели, денес нѐ напушти Билјана Гарванлиева. Имав чест и радост да помогнам и учествувам во реализацијата на нејзиниот последен видео документарен запис. Почивај во мир!“, напиша Балов. Гарванлиева е авторка на документарните филмови  „Девојчето со хармоника“, „Девојчето што бере тутун“ за Јуруците во Македонија и „Шивачки“, приказна за три жени кои работат како шивачки за странски фирми во Штип, што во 2010 ја освои главната награда „Срце на Сараево“ на Сараевскиот фестивал.

Сите нејзини филмови играа на бројни светски фестивали, каде што беа и наградувани. Таа е авторка на сценариото на „Златната петорка“, долгометражното играно деби на Горан Тренчовски, кое следната недела ќе го затвори овогодинешниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

Слични статии