Култура

Отворениот стаклен мост во Кина морал да биде затворен

Импресивниот стаклен мост во Кина стана вистинска туристичка атракција, па мораше да биде затворен за јавноста само 13 дена после неговото свечено отворање.
„Бројот на туристи едноставно е преголем“, изјавил претставник на тимот кој е задолжен за промоција на најдолгиот стаклен мост на светот. Имено, мостот имал капацитет да прими 8 илјади посетители дневно, а заинтересирани имало дури 10 пати повеќе.
Засега не е познато кога мостот повторно ќе биде отворен за туристите, но познато е дека кинеските власти деновиве ќе извршат детални инспекциски проверки, односно ќе бидат извршени детални проверки на безбедноста на мостот.
Овој мост важи за највисок и најдолг стаклен мост на светот. Направен е од  99 стаклени плочи поврзани со челична конструкција која се протега над кањон на висина од 299 метри. Мостот нуди спектакуларен поглед на бујните шуми на кањонот, што посебно ги привлекува туристите поради стаклениот под.

 

Автор:

Слични статии