Култура

Музичарот Кокан Димушевски е спремен да го тужи ЗАПМ

По повод забраната за емитување на музика од автори кои што се членови на ЗАПМ, а која што почнува на полноќ, со свој став се јави музичарот Кокан Димушевски. Тој вели дека никој не смее да ја забрани неговата музика, па затоа најави тужба против Здружението за заштита на авторските и музичките права, објави Фокус.

,,Ова лудило мора да запре! Авторите се излажани од страна на ЗАМП, повеќе години им се ускратени правата и надоместоците, некој друг се богати со наш труд и наши дела!  ЗАМП ќе добие тужба, бидејќи не сум ги овластил да забрануваат во мое име. Секој автор кој што сака да забрани да се пушта негова музика, треба да си даде лична изјава. Апелирам надлежните институции да реагираат итно и остро, а исто така и изведувачите,, – ни изјави Кокан, по повод одлуката на ЗАМП. Инаку, од здружението наведуваат дека причина за забраната е повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз нивното работење и создавањето на можност да се формира паралелно здружение за истите права, како СОКОМ МАП.

,,Свесен сум дека голем дел од моите колеги не реагираат на оваа одлука. За жал, некои од нив се незаинтересирани, некои поткупени, многумина не разбираат дека се работи за авторско право кое трае и 70 години по смртта на авторот, што значи дека оваа работа воопшто не е за шега,, – вели револтираниот музичар.

Од ЗАМП велат дека се свесни како забраната не е решение за проблемот и нема најава кога би прекинала истата. Пејачите се поделени околу оваа одлука, но повеќето од нив признаваат дека досега не добиле пари од било кое здружение кое што ги застапува нивните и интересите на авторите.

Автор:

Слични статии