Едноставни идеи во проектите „направи сам“
— 11 септември, 2016Долги години човекот создава накит и се украсува со него. Накитот може да се прави од различни видови материјали, но скапоцените камења, скапоцените метали, монистите и школките се оние кои се широко распространети.
Накитот низ историјата, се користел за да одбележи одреден статус, како на пример во стариот Рим само одредена класа луѓе носеа прстени, подоцна со закон било одредено кој може да носи таков вид накит и повторно врз основа на класата. Прописите на културата одиграа значајна улога. На пример, во 19-тиот и почетокот на 20-тиот век кога некој од западот носел обетки се сметало за женственост. До неодамна, покажувањето на накитот за тело, како што е пирсот, стана знак за припадност и некои групи луѓе тоа го сметаат за храброст а други пак се сосема против тоа. Првите знаци на накит водат потекло од луѓето во Африка. Во Бломбос пештерата се пронајдени исдупчени монисти кои упатуваат кон накитот од школки. стари стари 75, 000 години.
Последниве години бижитеријата станува се повеќе популарна. Достапноста да се купат различни материјали и идеите од интернетот, привлекуваат многу ентузијасти да започнат сами да си изработуваат накит. Овде ви пренесуваме неколку идеи кои можете сами да ги изработите дома.