Култура

„Пред дождот“ меѓу 10 најдобро-структурирани филма на сите времиња

CineFix продукциската корпорација која постои веќе 15 години, прави топ листи на најдобри филмови раководејќи се од различни критериуми: на пример најдобри 10 филма рангирани според нивните завршни сцени, најубави 10 филма на сите времиња или најдобри 10 филма оценувајќи ја структурата на филмот. Токму во оваа категорија, филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, се најде на трето место на листата на најдобро-структурирани филма на сите времиња. Гледачите не  размислуваат за тоа како треба да изгледа структурата на еден филм. Тие се препуштаат на дејството во него, уживаат во глумата на актерите, ја оценуваат фотографијата, но не обрнуваат внимание на она што значи структура на еден филм.  Cinefix“ ги објаснува различните структури кои се користат во филмовите.

Филмот се „разложува“ на многу детали и ви нуди можност да го набљудувате од различна перспектива.  Многу филмови едноставно ја следат структурата на три сцени, а други ја раскажуваат приказната во повеќе временски рамки или обратен редослед или со крајот откриен на почетокот. Понекогаш приказните се линеарни, понекогаш не, меѓутоа најдобрите филмови ја користат својата структура за подобро да ја претстават и раскажат својата приказна. Според „CinFix“ ова се најдобрите структурирани филмови, меѓу кои  „Пред дождот“ –  „Before the rain“ се најде на третото место.

1. The Mirror
2. The Sweet Hereafter
3. Before the Rain
4. Rashomon
5. Irreversible
6. Citizen Kane
7. Ajami
8. Godfather II
9. High Noon

10. Die Hard

Tagged with:

Слични статии