Фредерик Гарсија Лорка – 80 години од неговото погубување
— 21 август, 2016Осумнаесетти август 1936 година, или можеби деветнаесетти, не се знае точно, Федерико Гарсија Лорка бил донесен од неговата затворска ќелија во Гранада, некаде во ридовите североисточно од градот. Можно е дека во текот на ноќта (или неколку часа, постојат различни податоци) поминал во детско летувалиште Колонија, кое на почетокот на Шпанската граѓанска војна се претвори во транзитен камп за затворениците; и можно е дека го држале во паркиран автомобил. Во текот на часовите што му претходеле на погубувањето, Лорка, исполнет со безнадежност или пушел, или пак разговарал со своите другари од ќелијата, или нем седел помеѓу двајца наоружени мажи, кои го чувале. Кога сфатил дека го носат на „пасео“, последно шетање пред погубување, наводно барал свештеник. Според оваа верзија, му било кажано дека нема ниту еден. Можеби и бил мачен бидејќи еден од неговите џелати подоцна се фалел дека „му испалил два куршуми во газот, бидејќи тој бил педер“. Сепак, како и многу други гласини за последните мигови на Лорка и оваа не е потврдено.
На денот кога е убиен, Лорка имал 38 години. Со дваесет и кусур години, ја напишал збирката балади „Цигански романсеро“, збирка со која веднаш станал најславен шпански поет, а неговите андалузиски трагедии (Крвави свадби и Јерма) му донесоа титула на еден од најголемите драмски писатели. Од детството бил опседнат со неговата смрт, па и со деталите околу сопственото погребување. Салвадор Дали, близок пријател на Лорка, а можеби и неговата љубов, раскажувал како Лорка за време на студентските денови во Мадрид, понекогаш го преттавувал сопственото погребување. „Поет во Њујорк“ е збирка којашто поетот ја напишал во текот на едногодишниот престој во САД и во Куба, содржи неколку алузии на убиство, сите во прво лице.
Славата на Лорка се прочула и надвор од Шпанија, „Крвави свадби“ биле хит во Буенос Аирес, а Лорка присуствувал на една изведба, го шармирал Пабло Неруда и го изнервирал Хорхе Луис Борхес. Меѓу негови пријатели од САД била и Милдред Адамс, новинарка на Тајмс“, и издавачот и критичар Хершел Брикел, кој тврдел дека не знае никого друг, освен Лорка, кој е најблиску до поимот гение. Потрагата по Лорка започнала веднаш откако се прочула веста дека поетот е исчеснат. Во октомври 1936 претседателот на лондонскиот ПЕН-клуб во Лондон, пратил телеграма на воениот намесник на Гранада и барал известување за негоиот познат колега.
После граѓанската војна, официјална политика на Франковиот режим ја оневозможуваше не само јавната туку и приватната расправа за тоа што се случило со исчазнатите. Лорка бил забранет се до 1954 година, кога Франко дозволил да се објави некакво издание на Собрани дела, нешто што без никаква основа го носи тој наслов, но и тогаш окоолностите под кои настрадал славниот Лорка останале табу тема. Повеќе од три децении Лорка лежеше во неодбележен гроб, а кога локацијата, или она што се сметаше за локација, официјално беше објавена, во 1971 година, тоа беше во најголем дел резултат на трудот на биографот на Лорка, Ирецот, Ијен Гибсон.
Фредерик Гарсија Лорка, роден на 5 јуни 1989 погубен на 19 август 1936 година, шпански поет, драматург и театарски режисер. Иако Лорка не се занимавал со политика, тој бил фатен за време на граѓанската војна и стрелан на 38 годишна возраст.
Лорка бил син на богат андалузисњки семјоделец. Биографијата бележи дека никогаш не бил успешен ученик. Со родителите се сели во Гранада, а во 1919 тој оди во Мадрид каде студира книжевност и право. Таму се запознава и се дружи со тогашните шпански интелектуалци како што е Луис Буњуел и Салвадор Дали, што имало големо влијание врз него. Музика студирал кај М. де Феил, кој му ја всадил љубовта кон народната песна и го усмерил кон собирање на народно творештво.
За време на граѓанската војна, Лорка се затекнал во Гранада, каде на 19 август во 1936 година фашистичките војници го стрелале, а телото го фрлиле во необележан гроб. Франковата влада сакала да го уништи споменот на Лорка, такашто ги уништила сите негови дела, а спомнувањето на неговото име било строго забрането. Бидејќи беше меѓу првите жртви на граѓанската војна, Лорка набргу станал симбол на жртва од политичка репресија и фашистичка тиранија.
ГИТАРА
Почнува да тажи
гитарата.
Се кршат чашките
на зората.
Почнува да тажи
гитарата.
Залудно ја замолчуваш
Нема да молчи
таа.
Тажи монотона
водите како што тажат
ветројте како што тажат
на снегот.
Нема да замолчи
таа.
Тажи по далечни
нешта.
Песок на жешкиот југ
камелии бели што бара.
Стрелата без цел ја тажи.
вечерта без утре.
И првата птица
на гранка
Ох, гитаро!
Срце рането
со пет меча