Сараевскиot филмски фестивал без македонски филм во главната програма
— 25 јули, 2016Сараевскиот филмски фестивал кој годинава ќе го има своето 22 издание, ќе се одржи од 12 до 20 август. Во главната програма, ќе се натпреваруваат осум филма за главната награда „Срцето на Сараево“ а селектирани се вкупно 11 филма во оваа програма. Тука се филмовите „Игла под прагот“ и „Пристојна жена“ кои ќе ја доживеат светската премиера, потоа пет филмови кои ќе ја имаат својата регионална премиера: филмот „Албум“ , работен во копродукција со Турција, Франција и Романија во режија на Мehmet Can Mertoglu, Филмот „Кучиња“, заеднички филмна Романија, Франција, Бугарија и Катар во режија на Богдан Мирица, „Безбожничка“ е филм на Бугарија, Франција, Данска во режија на Ралица Петрова, потоа филмот „Влажност“ во режија на Никола Љуца, заеднички филм на Србија, Холандија и Грција „Осакатени срца“(Scarred hearts) романско-германски филм во режија на Radu Jude.
И оваа година Македонија не е присутна во главната програма. Во „Игла под прагот“, Никола Ристановски ја игра главната улога,а сепојавува и уште еден македонски актер, Митко Апостоловски, додека како автор на музиката се потпишува Тони Китановски. Филмот на Иван Мариновиќ „Игла под прагот“, за „малку“ не „успеа“ да ја запише Македонија како копродуцент на овој филм, кој е селектиран во главната натпреварувачка програма на фестивалот, бидејќи и по неколку обиди филмот не успеа да помине на конкурсите на македонската Агенција за филм. Сценариото е на Иван Маринковиќ и на неговиот професор во Прага, Иво Трајков.
Фестивалот воведе нова програма „Самер скрин“, во чии рамки ќе бидат прикажани повеќе интересни наслови фокусирани на музиката, поп-културата и слободното размислување. Оваа програма ќе се отвори со иранскиот филм „Сонита“, кој беше прикажан на првото издание на Интернационалниот фестивал на ангажиран филм „Охрид филм фест“, кое се одржа во јуни во Охрид. Овој филм ја освои Наградата на публиката на годинешниот „Санденс“ и на Фестивалот на документарни филмови во Амстердам.
Македонија ќе биде присутна во Сараево во натпреварувачката програма на кратки филмови, во која меѓу десетте наслови е селектиран и 10-минутниот анимиран филм „Девојката што паѓа“ на Владимир Лукаш. Сценариото за ова деби на Лукаш го потпишува Иван Шопов, а аниматори се Жарко Иванов и Владимир Лукаш. Ова ќе биде интернационалнапремиера на дебитантскиот филм на Лукаш, во продукција на „FlipBook“. Филмот е изработен во катаут стоп анимација, а инспириран е од истоимениот расказ на Дино Буцати.
Во програмата „Посветено“ годинава ќе гостува мексиканскиот режисер и сценарист Амат Ескаланте, самоук автор, кој направи одлични три филма: „Сангре“, „Лос Бастардос“ и „Хели“. Тој ќе ја прими наградата „Срцето на Сараево“, а воедно и ќе ја отвори програмата на Талент кампусот.