Култура

Почина Мајкл Чимино, режисерот на „Ловец на елени“

Режисерот на култниот американски филм „Ловец на елени“ од 1978 година за Виетнамската војна почина, изјавил неговиот пријател и поранешен адвокат.

Телото на Оскаровецот Мајкл Чимино, е пронајдено во неговиот дом во Лос Анџелес во саботата, рече Ерик Вајсман. Чимино почомана 77 годишна возраст. Тој има режирано  вкупно осум филмови, но ќе биде запаметен по кариерата исполнета со издигнувања и падови. Додека „Ловец на елени“ беше поздравен како еден од најдобрите филмови во историјата на Холивуд, неговиот следен проект „Рајска порта“, беше изложен на потсмев како неуспешен.

Причината за смртта не е наведена, а Вајсман рекол дека телото на режисерот во неговиот дом во Лос Анџелес го пронашле пријателите кои претходно се обидувале да го добијат на телефон. Во филмот „Ловец на елени“ од 1978 година играат Роберт де Ниро, Мерил Стрип и Кристофер Вокен, а ова остварување доби пет Оскари од деветте номинации, вклучувајќи го и оној за најдобар филм, како и за најдобра споредна машка улога со кој се закити Кристофер Вокен.

Слични статии