Култура

„Охрид филм фестивал“ меѓу 100 најдобри според „Филм фривеј“

„Охрид филм фестивал“ се најде меѓу 100 најдобро оценети на платформата „Филм фривеј“ (FilmFreeway) за јуни. „Филм фривеј“, платформа за поднесување филмови за фестивали, споделување сценарија и поврзување на филмаџиите од целиот свет, првото издание на интернационалниот фестивал на ангажиран филм „Охрид филм фестивал“ кој се одржа од 10 до 15 јуни, се рангираше меѓу врвните 2,5 отсто од над 4.000 фестивали и креативни натпревари ширум светот според оценките на корисниците.

ohrid-film-fest-na-film-freeway
Честитките секако одат до креативниот тим на фестивалот предводен од директорката Сунчица Уневска, кои за ова прво издание го збогатија и со учеството на филмски ѕвезди како српскиот актер Лазар Ристовски, со чиј филм „Од другата страна“ беше отворен фестивалот, и француската актерка Астрид Ветнал, која присуствуваше на проекцијата на филмот на Рашид Бушареб „Пат за Истанбул“ во која ја има главната улога.

Ohrif
Во честитката од „Филм Фривеј“ на крај се искажува гордоста за партнерството со настани како „Охрид филм фестивал“ кои помагаат во развојот на независниот филм.

На првото издание на Интернационалниот фестивал на ангажиран филм „Охрид Филм Фест“ пристигнаа 800 играни,документарни, кратки филма, кои беа селектирани и прикажани во рамките на предвидените четири програми на фестивалот.

Инаку ОИФФ е замислен како прв македонски интерактивен фестивал на кој главен таргет ќе бидат студентите од македонските филмски школи, но и од регионот, а подоцна и од Европа. Целта е движење и промена, размена и можност да се разговара директно со филмските автори за нивните дела и со еминентни имиња од светот на филмот кои ќе го споделат своето искуство. А една од  главните цели ќе бидат и работилниците на кои ќе се развиваат проектите на младите филмаџии под менторство на стручњаци од одредени области.

 

 

Слични статии