Култура

Го прашаа ли народот за префасадирање на објектите од модерната архитектура

Јас, не се двоумам да кажам дека денеска живееме во најлошиот период на македонската архитектура. Ако до крајот на 80-тите години, па и до крајот на минатиот век и самиот почеток на 21 век, Скопје можеше да се нарече како модерен и современ град во рамките на Југославија и пошироко, денеска со она што се работи во Скопје, особено со проектот „Скопје 2014“, е брука за целата нација, а најмногу за архитектонскиот сталеж. Вакво нешто никаде во светот не се случило, да ја негирате сопствената историја, којашто беше славна за одреден временски период и најбрутално да ги префасадирате објектите од модертната архитектура, без да побарате согласност од авторот, затоа што авторското право не изумира. Нив не ги интересира ниту име, ниту презиме, тку едноставно рушат се за да префасадират за Скопје да добие некаков си лик на т.н. барокна архитектура. Но, ова не е барок, туку некаква имитација на барок кој се појавува во Рим, а потоа се развива во Германија и Франција и кон крајот на 19 век тој изумира. Ние, со ова што денес се прави, се враќаме за неколку стотици години. А ова денес што се прави е само едно тотално безумие и непризнавање, не само на историја, туку тотално непознавање на нечтата. Тие се лаици, празни души, кои користејќи ја моќта на власта, прават нешто со што сакат да се докажат, еве што сме ние! Но, ние станавме  потсмев на целиот свет, а да не зборувам за архитектите коишто доаѓаат тука и се смеат на она што е направено. Тие велат дека ова е тотална глупост и се прашуваат, зарем Македонија е толку богата држава за да фрла пари на шминка. По неколку милиони чини една шминка за еден објект, а тука се во прашање голем број на објекти. Зградите во центарот кои имаа прекрасна чиста архитектура проектирани од наши големи архитекти, сите се префасадирани во барок, со најразлични форми и бои, што воопшто не личи на архитектура, туку е една мешавина, вистинска кајгана. Приврзаниците на власта ги обвинуваат учесниците на шарената револуција и прашуваат какко смеат да фрлаат боја на објектите што се правени со народни пари, а јас би ги прашал нив, дали тие  го  прашаа народот за да ги префасадираат објектите од модерната архитектура.

Триумфалната порта е смешна работа. Гледајќи ја македонската историја ние само губиме, за која победа е правена таа порта?

На лудоста и на глупоста им нема крај, барем за она она што се случува во архитектурата во Македонија. Нашата асоцијација на архитекти реагира,архитектите реагираат, но, НИКОЈ НЕ ГИ СЛУША, иако е најаката стручна фела во Македонија од областа на архитектурата.

Архитектурата е број еден во секоја земја. Преку архитектурата се прави обрт на огромни парични средства. Но, изгледа само во Македонија се случува наместо архитекти, да градат правници економисти, лекари, и т.н. но не и архиректи. .Па каде го има тоа во светот?  Кај нас се игнорира Асоцијацијата на архитекти.

Скопје е угушено од објекти. Тоа е т.н. пополнување на слободни простори, простори коишто се предвидени за зелени површини, исполнети со дрва, цветници, простори за паркирање, простори коишто му даваат живот на околните објекти што биле претходно изградени. Оваа корумпиранавласт дозволи да се изградат многу објекти.

Георги Константиновски e архитект, универзитетски професор и еден од 50-те најдобри архитекти во светот. Константиновски е избран е за доцент на Архитектонски факултет во 1972  година, а во  периодот од 1968 до 1995 се стекнал со сите звања од асистент до редовен професор на Архитектонски факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1991 година на Белградското триенале на светска архитектура бил прогласен за најдобар архитектт на Југославија и бил вброен во најдобрите 55 светски архитекти. Работел во Њујорк во Бирото на Јо Минг Пеј, Хенри Коб и Аралдо Кауста. Тој е основач на прогресивната вонинституционална архитектонска група “Андерграунд” во Скопје во 1968 година. Магистрирал на Јелскиот универзитет, САД во 1965 година кај Пол Рудолф и Сергеј Чемаеф.

Целото интервју е дадено за 24 вести за „Патот до успехот

Tagged with:

Автор:

Слични статии