Култура

Делата на Корбизје на листата на УНЕСКО

Korbez 2

На 40.годишно заседание на УНЕСКО во Истанбул е усвоен предлогот на Француска, 17 одбрани локалитети во седум земји, кои ја покажуваат униврзалната природа на делото на Ле Корбизје, да бидат ставени на листата на светското културно богатство на Унеско.  Одбраните земји се Франција, Швајцарија, Белгија, Германија, Аргентина, Јапонија и Индија.

Сите овие локалиции сведочат за доприносот на Ле Корбизје во модерното движење во архитектурата, запуризмо, кој се создаде по Првата Светска војна и се заснива на функционалност, чистота на линијата, употреба на нови матетријали, како што се бетонот, железото и челикот.

Меѓу нив е и модерниот град  Чандигар, кој е изграден по стекнувањето независност на Индија и е град симбол на реформаторски урбанизам, заедно со главниот град на Бразил, Бразилија, проект на Lusija Košte и Oskara Nimejera.

На оваа листа се ставени и приватни куќи, станбени единици, парцели, една куќа на културата и еден музеј. Најзастапени на листата се локалитетите во Франција, вкупно10 на број, а меѓу нив е вилата Савој, градинската куќа во Поасиј, куќата на Ла Рош и Жанре во Париз.

Ле Корбизје, со вистинско име Шарл –Едуар Жанре Гри (Šarl-Eduar Žanre-Gri) е роден во 1887 година во Швајцарија, а подоцна станал француски државјанин. Тој е главен претставник на пуризмот, заедно со Алвар  Алто и Лудвиг Мис ван дер Рое.

LeKorb 1Kor4

Меѓу неговите дела се план на зградата на УН во Женева, урбанизација на Богота, Рошанска капела и манастир во Ла Турет. Насликал повеќе од 400 слики во масло и мурали, 44 скулптури, литографии и цртежи.

„Корбизје имаше пресудно влијание врз современата светска архитектура“, пишува во соопштението на швајцарската влада и се додава дека неговите архитектонски проекти и дела „се исклучителен архитектонски и градежен одговор на општествените предизвици на XX век“.

Слични статии