Култура

„Симбиози„ вечерва на Скопско лето

Вечерва, во 21 часот, во Сули ан, вокалниот ансамбл „Симбиоза“ под диригенство на Бехар Весели, ќе одржи промотивен концерт во рамките на манифестацијата Скопско лето. Kомпозитор и аранжер е Дамјан Темков.

На програма ќе бидат „Параходот/Na leu dielli“, „Stade se cvijeche rosom kititi“, „Hava nagla/Wein aa Ramallah/Eretz zavat chalav“, „Auf de schwab`sche Eisenbahne/Kalinka„…

„Симбиоза“ е вокален ансамбл што претставува сплетови од песни кои се значајно национално обележје на земјите од каде потекнуваат музичарите. Како инструемнталисти настапуваат Симона Богоевска харфа, Виктор Николовски бас гитара, Кренар Исмаили виолина, Благојче Пенов ударалки, Дориан Јовановиќ ут, Илија Илиевски кавал, тамбура.

„Симбиоза“ е мултиетнички, мултикултурен и образовен проект кој произлегува од секојдневната соработка на двајца млади просветни работници Дамјан Темков и Бехар Весели наставници во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Преточен е во музицирање, првенствено на млади Македонци и Албанци, но и други ентикуми во државата.

Автор:

Слични статии