Култура

Две македонски копродукциии на фестивалот „Карлови Вари“

Интернационалниот филмски фестивал „Карлови Вари“ годинава ќе се одржи по  51 пат од 1 до 9 јули во истоимениот  град во Чешка.
Во рамките на две негови конкуренции на Фестивалот ќе бидат прикажани и две македонски копродукции „Ноќен живот“ („Nightlife“) на словенечкиот режисер Дамјан Козоле е копродукција на Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина, ќе биде прикажан на шести јули. Се работи за приказна за двајца сопружници чии животи одеднаш ќе се променат по несреќата што ќе му се случи на мажот. Македонската екипа ја сочинуваат. актерот Петар Арсовски, Иво Трајков како монтажер, Мојца Горогранц-Петрушевска – шминкер, композиции и музика се користени од Сашко Коцев, асистент на камера е Маријан Боцевски, асистент на сценографија е Бобан Петрушевски. Дел од звукот е работен во Аудиохаус и специјални ефекти се изработени во студиото на ФХ3Х.

 

Noken ziv

 

Режисерот Козоле е познат по актуелните теми на неговите филмови кои постигнуваат и големи успеси на фестивалите, но и во дистрибуцијата во Европа. Меѓу неговите поуспешни филмови е „Резервни делови” кој беше прикажан во главната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал и дистрибуиран во 15 европски земји.

 

Karlovi vari award

Втората македонска копродукција во Карлови Вари е долгометражниот игран филм „Доме слатки доме“ што е селектиран како дел од програмата „Источно од Запад“ („East of the West“). Филмот е косовско-македонска копродукција во кој Македонија и продуцентската куќа „Арнел продукција“ предводена од продуцентот Сенад Абдули. Овој филм е  дебитантски проект во режија на Фатон Бајрактари. Приказната на Зимбер Келменди раскажува за еден воен затвореник кој добива статус на херој во своето село, кој по своето враќање дознава дека голем број луѓе профитирале од проектите направени во име на неговата „херојска смрт“. Во реализацијата на филмот, од македонска страна учествуваат: Блаже Дулев, монтажер, Дарко Спасовски-Пацки, музика и дизајн на звук и Маријан Спасовски, мајстор на светло. Во главните улоги настапуваат косовските актери: Донат Ќосја, Арта Мучај, Шкумбин Истрефи. И двете копродукции се поддржани од Агенцијата за филм на Македонија а „Доме слатки доме“ и од Косовскиот филмски центар.
Филмскиот фестивал во Карлови Вари е најголемиот филмски фестивал во Чешка и најпрестижен фестивал од овој вид во Централна и Источна Европа. Тој е еден од најстарите филмски фестивали од А-листата, категорија што ја дели со фестивалите во Кан, Берлин, Венеција, Сан Себастијан, Москва, Монтреал, Шангај и Токио. Меѓу режисерите, купувачите, дистрибутерите, агентите за продажба и новинарите фестивалот во Карлови Вари се смета за најважен настан во овој дел од Европа на кој секоја година се презентираат околу 200 филмови од целиот свет и редовно е домаќин на познати и значајни режисериод светот.

dome slatki dome 2

 

 

 

 

 

 

Инаку, на престижниот филмски фестивал во Карлови Вари меѓу дванаесетте наслови што ќе се најдат во главната селекција на фестивалот ќе биде и последниот филм на неодамна починатата чешка легенда Јан Немец, „Волкот од улицата Кралско лозје“ („The wolf from Royal Vineyard street“). Исто така, еден од најверните режисери на овој фестивал, Јан Хребејк, ќе ја презентира својата словачко-чешка драма „Учителот“ („The teacher“). Три години, пак, по неговиот огромен хит „Да живее слободата“ („Viva la liberta“), Роберто Андо се враќа во Карлови Вари со „Исповеди“ („The confessions“).

Слични статии