Седум концерти во четири вечери на годинешниот 15-ти „Офф Фест“
— 25 мај, 2016Во киното „Фросина“ во петок на 27 мај, со концертот на чешката пејачка и виолинистка Ива Битова, ќе стартува 15-то издание на Фестивалот “Офф Фест“. Чешката уметница има има богата меѓународна кариера, која живее и работи во САД. Во истата вече, во од 22.30 во Метрополис арена ќе настапи францускиот бенд Сен Жермен алијас Лудовик Навар, кој на сцената се враќа по 15 години со нов албум. Овој настап се вклопува во турнејата на Сен Жермен низ светот.
Во следните три дена „Офф фест“ ќе се одржува во Дансинг салата на Младинскиот културен центар. Во сабота на 28 мај, првин ќе настапи поетот, рапер и хип-хоп изведувач Саул Вилијамс од Лос Анџелес, кој во Европа доаѓа специјално за два концерта – во Скопје и во Љубљана. По него ќе гостува бендот Батида на диџејот Педро Кокенао од Ангола кој живее во Португалија и има интернационална репутација. Неговиот насташ е осмислен како специјален перформанс којшто ќе биде исполнет со старите ритми и песни од Ангола измиксани во видеопроекција.
Неделата. На 29 мај, е резервирана за африкански состав од Гана, „Пет Томас и Квашибу ареа бенд“. Пет Томас е најпознатиот претставник на т.н. хајлајф музика, која во 1960-тите и 1970-тите била носечки музички стил во Африка. Пред неговиот концерт ќе биде прикажан и документарниот филм „Who Is Highlife?“ за музичката сцена во Гана.
На последната фестивалска вечер, 30 мај, ќе настапи познатата бразилска пејачка и гитаристка Бади Асад, а годинашниот „Офф фест“ ќе го затвори италијанскиот бенд „Канцониере Греканико Салентино“ кој ги следи традициите на т.н. таранта од јужна Италија.
Покрај концертите, во сите фестивалски денови во галеријата на Младинскиот културен центар ќе има мултимедијална изложба за сите гостувања во изминатите 14 изданија на „Офф Фест“.
Годинашната програма годинава е конципирана да одговара на 15-години постоење на „Офф Фест“, ексклузивна и адекватна за овој јубилеј. Задржан е концептот „Офф Фест“ да биде нешто поразлично од „Скопскиот џез-фестивал“ и да донесува музика од целиот свет, која во процесот на глобализација е многу важна. Во тој процес, во последните 20-30 години целиот свет, особено Европа и САД, открија прекрасна музика која доаѓа од сите континенти. „Офф Фест“ и оваа година го носи најдоброто од светот, без да се мисли дали таа музика овде е позната или не. Фестивалот ја задржува едукативната компонента, што значи дека, кога се прави програмата, воопшто не се поаѓа од тоа што е популарно и што се продава, истакна директорот на Скопје џез фестивалот, Оливер Белопета.
– Ние го прикажуваме секоја година она што е најдоброто од светот, без да мислиме дали таа музика овде е позната ил и не е позната, рече Белопета.
И оваа година директорот ја потенцираше потребата од една отворена сцена на која би се одржувале концерти во летниот период и којашто му фали на Скопје. Голем хендикеп е затворањето на Универзална сала додека салата во Македонската опера и балет е зафатена со Мајските оперски вечери. Според Белопета, на Скопје му недостига голема отворена сцена на која би се одржувале концерти во летниот период.