Култура

Здравствена установа погодна за снимање на хорор филмови

Долги и недоволно осветлени се ходниците во болницата во Козле – ЈЗУ Завод за физикална медицина и рехабилитација во Скопје. По должината каде се спојува основата со ѕидовите се гледа долга пукнатина од неколку сантиметри, што зборува дека основата е падната подолу од градбата. Ова многу јасно се гледа кога чекорите по нив, одејќи од една просторија до друга, во зависност од тоа колку и какви третмани ви се дадени. Дрвените прозорци  некогаш биле офарбани во бела боја, сега останале остатоци од бојата, подот на ходниците е распукан а на места е пополнет со цемент. Внатрешноста во собите не е толку лоша, но исто така инвентарот е многу стар и необновен уште од минатиот век, или со други зборови од времето на социјализмот

1 Comment

  1. Ели 26 февруари, 2016 at 12:26

    Навистина хорор.