Култура
dojransko ezero

Тркалезна маса за запознавање со квалитетот на водата во Дојранското езеро

Утре во Дојран (16 декември) ќе се одржи тркалезна маса на тема „Квалитетот на водата во Дојранското езеро и нејзиното влијание врз економските активности на локалното население“ во организација на РЕЦ – Регионален центар за животна средина и е дел од проектот „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското езеро“, којшто се спроведува во соработка со ЦМЦЦ – Медитеранскиот центар за климатски промени од Венеција и со финансиска поддршка на фондацијата ЦЕПФ.

На утрешната тркалезна маса ќе бидат презентирани тековните состојби за квалитетот на водата во Дојранското езеро и поширокиот екосистем при што ќе бидат презентирани наодите и резултатите од истражувањата спроведени од РЕЦ и ЦМЦЦ во текот на 2014 и 2015 година.

Истражувањата, како што стои во информацијата од РЕЦ, се направени од страна на врвни тимови, во согласност со меѓународните усогласени методологии на работа, со цел да се добијат податоци и резултати, коишто треба да се вршат континуирано од страна на надлежните институции. Целта на оваа тркалезна маса е локалната самоуправа и сите клучни заинтересирани страни во Дојран да се запознаат со тековните состојби за квалитетот на водата на Дојранското езеро и поширокиот еко систем. Се очекува, сите препознаени општествени чинители да дејствуваат како силен соработник на општината во процесот на донесување на одлуки поврзани со управувањето со води и природни ресурси. Притоа се нагласува потребата за градење на капацитети и унапредување на знаењата и вештините на локалната самоуправа , што е особено изразено заради ограничениот број на вработени и фактот што нивните знаења се малку поврзани или воопшто не се поврзани со проблематиката од областа на управување со водни и природни ресурси

Слични статии