Култура

Промоција на мапа „Мојот Дон Кихот“ на Владимир Георгиевски

Мапа со наслов „Мојот Дон Кихот“ на ликовниот уметник Владимир Георгиевски која содржи 12 негови репродукции со негов воведен текст и текст на Ивица Џепаровски ќе биде промовирана вечерва во 20 часот во Музејот на град Скопје. Промотор е Ивица Џепаровски.

Делата не се илустрација на Сервантесовиот роман, туку аналогни и актуелни состојби во кој се навоѓа денешниот човек. Низ визуелната структура присутен е митот на цртачките истражувања: од искарикираност до речиси апстрактни померања во анатомијата на фигуративниот знак. Процесот на истражувањето во симболот на духот (Дон Кихот) и во областа на материјата (Санчо Панса) се одвиваат од асоцијативна до потполно надреална композиција.

Мапата треба да биде предвестие на големата прослава во 2016 година по повод 400 години од смрта на Мигуел де Сервантес која ќе се слави во целиот свет.

Во делата на Владимир Георгиевски користена е фундаменталната мисла на метафората на главниот јунак, Дон Кихот : „Да се спаси човештвото од сите зла и болештини за среќа на сите луѓе на светот“.

Всуштост Дон Кихот гледан од аголот на Владимир Георгиевски учествува во денешните актуелни настани кај нас и во светот. Дон Кихот многумина го поистоветуваат со христијанскиот идеал, но ние него не го гледаме во црква, неговата проповед е трагањето по вистината. Висок и слаб, усмерен кон небото, кон идеалите, рамнодушен кон матерјализмот, тој е сушта супротност на денешниот човек кој во потрага по материјалните вредности го заборавил духовното и вистинските човекови вредности па затоа оваа мапа и изложбата која следи на Владимир Георгиевски треба да биде опомена за модерниот човек кој се изгубил во нашите транзициски патишта.

Патувањето на Дон Кихот е единствено во светската литература. Потрагата по вистината за да се спаси човештвото од зло , болеста и немаштината за среќа на сите луѓе на светот е сигурно утопија. Но во едно партиски поделено општество какво е нашето, каде „ правата “ вистина е онаа која ја кажуваат партиските потпароли можеби кај граѓаните мапата ќе потикне бар за момент да се запрашаат која е правата вистина.

Мапата ја припреми Асоцијацијата за култура ИКОН со помош на Министерството за култура на Република Македонија.

Преземено од Порта 3

Tagged with:

Слични статии