Култура
kultura

Француска продуцентска куќа ќе гради културен центар во Автокоманда

Според потпишаниот договор помеѓу претставниците на општината Гази Баба и „Фејмс“ се предвидува изградба на два објекта – културен дом со површина од 543 квадратни метри и музичко студио со површина од 1194 квадратни метри на локацијата каде што сега се наоѓа културниот дом во населбата Автокоманда. Новото музичко студио ќе биде чекор напред во развојот на имиџот на Македонија како земја во која може да се најдат партнери и соработка на многу полиња во филмската индустрија. Во изминатите години компанијата „Фејмс“ беше присутна во Македонија  со снимање филмска и друга оркестарска музика и е етаблирана во светската филмска индустрија. Многу музички траки компонирани и создадени во Македонија во изминатиот период станаа подлога и составен дел на бројни холивудски филмови и реклами во светски рамки. Присуството на Фамес во земјава во изминатите години донесе одлична соработка со Македонската филхармонија, со Македонската опера и балет и со многу уметници, музичари и монтажери од нашата земја. Овој проект ќе биде од особено значење за македонските музичари и за развој на македонската музичка продукција. Проектот воедно е во целосна корелација и со напорите на Владата за развој на филмската дејност во Македонија и интензивирање на филмските проекти од секаков аспект. Токму благодарение на таквата интенција, во изминатиот период евидентно е зголемен обемот на филмска продукција во Македонија.

Претставниците на „Фамес“ посочија дека пред осум години го започнале создавањето на симфонискиот оркестар во Македонија кој е наменет за создавање музички проекти во Скопје. Овој проект претставува културен но и економски проект кој вклучува стотина музичари од Македонија. Имавме привилегија да работиме на повеќе од 800 музички проекти наменети за филмска музика, телевизија, видеоигри, класична музика,… – рече Копиц, нагласувајќи дека соработувале со продукциските куќи Универзал мјузик, Дизни, Сони… Тој потенцираше дека оркестарот „Фамес“ во Скопје, насекаде во светот е познат како Симфонискиот оркестар од Македонија. Фамес е неколку години присутна и активна во Македонија и функционира во рамките на МРТВ, а реализацијата на новиот гринфилд проект се наметнала поради зголемениот обем на работа и потребата за самостојно функционирање на компанијата. Тој додаде дека од компанијата разгледувале неколку можни локации во други земји, но како резултат на одличната соработка со македонските институции и поддршката од Владата,одлуката биладонесена проектот да се реализира во Скопје. Неговите очекувања се компании од слична дејност да покажат интерес за Македонија и земјава во блиска иднина да стане центар за продукција и пост продукција на филмска музика и на филмови.

Автор:

Слични статии