Култура
stariot amam

Стариот амам во Тетово повторно отворен

Стариот амам во Тетово, што беше целосно реставриран  вчера повторно беше отворен. Реставрацијата ја помогна Турската интернационална агенција за соработка и развој (ТИКА) во соработка со Министерството за култура.

На отворањето беше прикажана изложбата „Придонесот на ТИКА врз културното наследство во Македонија” на која беа презентирани реставрациските проекти извршени од страна на ТИКА во соработка со Министерство за култура на Република Македонија. На настанот присуствуваа министерката за култура,Елизабета Канческа Милевска, амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Омур Шолендил, заменик-претседателот на ТИКА, Али Маскан, државниот секретар при Министерството за култура, Бехиџуддин Шехаби, градоначалникот на Општина Тетово, Теута Арифи и други гости, соопшти Министерствот за култура.

Тетовскиот амам се наоѓа од левата страна на реката Пена односно спроти Алаџа Џамија. Амамот којшто потекнува од Османлискиот период има ориенталска структура и архитектура. Изградена со ѕидна техника која датира од тогашната архитектура, со вкупно четири куполи од кои две мали и две големи.

Слични статии