Култура
Tabernakul nagradi

Годинешната награда „Табернакул“ за Херта Милер и Том Стопард

По повод врачувањето на наградите, издавачката куќа „Табернакул“ воедно ќе промовира четири нови наслови: романот „Патничка на една нога“ и книгата есеи „Секогаш истиот снег и секогаш истиот чичко“ од Херта Милер, а од Том Стопард – трилогијата „Брегот на Утопија“ и трите драми (во една книга) „Аркадија“, „Рокенрол“ и „Тежок проблем“.
За ликот и делото на нобеловката Херта Милер ќе говори Виктор Ерофеев, руски писател и претходен добитник на оваа награда, а за творештвото на Том Стопард обраќање ќе има Горан Стефановски.

lauerati-tabernakul

Херта Милер е родена во 1953 во Романија. Денес живее во Германија а во 2009 година ја доби  Нобеловата награда за книжевност. Работела како преведувач, а со пишување почнала во младоста. Пишува романи, раскази, поезија и есеи. Нејзините дела се преведени на повеќе од дваесет јазици.

Том Стопард е роден во 1937 година и  е еден од навлијателните и најпочитуваните драмски автори во Британија и светот. Од 1997 е носител на титула витез што ја доделува британската кралица. Роден во Чехословачка, за време на нацистичката окупација пребегнал и по Втората светска војна се преселил во Велика Британија, откако поминал три години во интернат во Индија. Работел како новинар и како театарски критичар. Автор е на повеќе култни драми, меѓу кои е „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ (поставена во Драмскиот театар во Скопје), како и на сценариото за филмот „Вљубениот Шекспир“.

tom_ste

Книжевната награда „Табернакул“ претставува бронзена скулптура изработена од академскиот вајар Горан Стаменков. Лауреатите, исто така, добиваат и златник од Книжевната академија Табернакул, како и паричен износ од 5.000 евра. Изборот на годинашните лауреати е со одлука  на жирито, во состав Ферид Мухиќ, Горан Стефановски, Венко Андоновски, Цветан Враживирски и претходните добитници на оваа награда: Милан Кундера, Љубивоје Ршумовиќ, Орхан Памук и Виктор Ерофеев. Целта на книжевната награда „Табернакул“ е да ги промовира најзначајните, светски признати книжевни вредности на македонски јазик, како и да покаже дека Македонија е земја со долга книжевна и културна традиција, земја што покажува особена почит за сите актуелни книжевни и културни глобални достигнувања.

Слични статии