Култура
doagjame kako prijateli

Премиера на „Доаѓаме како пријатели“ на отворено во ГТЦ

Задутре, (23 септември), на терасата позади киното Милениум, премиерно ќе биде прикажан филмот „Доаѓаме како пријатели“ на режисерот Хјуберт Саупер. Оваа бесплатна проекција, што ќе започне во 20 часот, е дел од партнерскиот проект на Балканската документарна дистрибутивна мрежа, „Докувизија“, чиј член е и Интернационалниот фестивал на креативен филм „МакеДокс“. Филмот „Доаѓаме како пријатели“ е модерна одисеја, вртоглаво и само навидум фантастично патување во срцето на Африка, каде што децата или ги мажат или ги наоружуваат. Благодарение на малиот авион којшто режисерот сам го направил од лим и платно, пристигнуваме во Јужен Судан – земја со највисока стапка на мајчина смртност во светот, дом на 230 илјади бегалци… иочигледно, рај за странските инвеститори. Во улога на пријатели доаѓаат во најмладата држава во светот: кинески нафтени работници, мировници на ООН, судански воени лидери,  американски протестанти,  кои се залагаат да поттикнат  „соработка и развој“.

Оваа филмска приказна за „пријателите“ на Јужен Судан ќе се раскажува и во Љубљана, Загреб, Белград, Призрен и во Подгорица. По завршувањето на проекцијата, на отворено ќе следи разговор со режисерот Хјуберт Саупер, програмскиот селектор на „макеДокс“ Петра Селишкар и со публиката од останатите градови. Оваа филмска доби награди на  на Берлинскиот фестивал  и на „Санденс“.

Слични статии