Култура
bansko

Истражувања на доцноримското лекувалиште во Банско

Стручни екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Струмица вршат истражувања на термално лекувалиште кое датира од 3-ти и 4 век. Во тек се истражувањата на југоисточниот дел од малата бања, каде што со последната истражувачка кампања е откриен дел од ѕид за кој се претпоставува дека е дел од нова просторија која била во функција на бањата. Археолозите со овие истражувања на новата просторија, очекуваат да се потврди дека малата бања ги поместува досегашните граници на првичното датирање на лекувалиштето, односно дека тоа почнало да егзистира многу порано – кон крајот на првиот, односно во почетокот на вториот век.

Реализацијата на овој проект е во насока на обезбедување прецизни сознанија за првобитната намена на лекувалиштето.

Слични статии