Култура
koza nostra

„Коза Ностра“ се пресели во неделен магазин

Креаторите на „Коза Ностра“ се потрудија да ја одржат идејата за пишување на ваков вид на текстови и со тоа да продожат успешната приказна за „Коза Ностра“ , којашто започна како дела од весниците „Фокус“ потоа „Слободен печат“, за да продолжи како веб сајт, и еве сега можеме да ја читаме  „Коза Ностра“ како неделен магазин. А кога зборуваме за успешноста на „Коза Ностра“ мислиме пред се на популарноста што ја стекнааа овие сатирични текстови, преку една бројка на верни читатели.  Содржините во весникот се распоредени на 32 страни, а неговата цена е 30 денари. Оснивачи на „Коза Ностра“ се Сашо Кокаланов, Звездан Георгиевски и Јован Постоловски.

koza nostra

„За тоа со длабока жалост во срцата, но и со несовладлива гордост во градите, ви соопштуваме, дека по долга и тешка борба со нелојалната конкуренција што ни ја прави власта, Коза Ностра собра храброст да излезе од својата штавена кожа и се претвори во ова што го гледате сега. Ние сфативме дека навистина немаме друг избор, освен да бидеме тоа што сме – терапија за широките народни маси. Отсега таа терапија ке можеме, освен преку сируп, апови, веб сајт да ја примаме и преку хартија вбо поголеми дози од досега вообичаените. За последивите, јадењето шипки пред влезот во вашиот дфом и другите несакани ефекти, консултурајте се со вашиот лекар или фармацефт“,  Ѕвездан Георгиевски – главен и одговоре уредник на „Коза Ностра“.

Слични статии