Вредни артефакти пронајдени на Старо Бонче
— 30 јули, 2015Археолошките истражувања на локалитет Старо Бонче близу Прилеп, кои се вршат во секторот некрополи, се во завршна фаза. При годинешните истражувања, на раноантичка некропола, којашто за првпат се истражува, а е во непосредна блиизна до кралската гробница, во откриените десеттицци стари гробови, пронајдени се многу вредни артефакти:: златна перла, фибули и украсни игли. Засега се истражени централниот гроб и околните гробови, а највреден пронајден предмет е секако златната перла од 5-4 век п.н.е, која е најдена во централниот гроб. Златната перла е изработена во техника филигран и гранулација. Пронајдени се и други значајни наоди, како фибули, украсни игли, керамика и други предмети.
Во околните гробови исто така се откриени значајни наоди меѓу кои и статуетка на Хермес, перјаница од бронзена статуетка на воин и други.
На овој локлаитет се најдени уште десеттина некрополи, за коишто се претпоставува дека се дел од градот Пелагонија. Истражувањата се предводени од проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет – Скопје. Раководителот на истражувањата, проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за историја на уметност со археологија при Филозофскиот факулетет во Скопје, вели дека оваа година за прв пат ја истражуваат оваа раноантичка некропола и дека се најдени вредни наоди од 5-4 век п.н.е., како и предмети од подоцнежни фази