Култура
teatar novi sad

Театар од Нови Сад гостува на „Охридско лето“

Театарската претстава „Неопланта“ од Ласло Вегел, во режија на Андраш Урбан, во изведба на театарот од Нови Сад, вечерва е на програмата на „Охридско лето“.

Според Вегел и Урбан, претставата е перманентна историја на нaционалните конфликти во кои поединци паѓаат и се вознесуваат, бараат вистина и се лажат, живеат и умираат, убиваат и се убиени, како незапирливи членови, родови и видови меѓу кои стои амбис. Вегел пишува дека во ветената или проколнатата земја или Неопланта порано или подоцна мора да се соочиме со фактот дека ние сме одвоени и од најдобрите пријатели со бездна, која не може да се прескокне.

teatar novi sad

Режисерот Андраш  е добитник на многу награди и признанија за најдобра режија и сценографија, меѓу кои се специјалните награди во Будимпешта во 2010 и во Скопје во 2011 година. Годинашното „Охридско лето“ свечено беше отворено синоќа во Античкиот театар со „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на ансамблот „Ла фура делс Баус“ од Шпанија, во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија, под диригентство на Хозеп Висент.

Слични статии